Работилница во Белград: Попис на средствата, обврските и побарувањата

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на тридневната практична работилница на тема: „Попис на средствата, обврските и побарувањата, усогласување на сметководствената со фактичката состојба, сметководствено евидентирање“ која во периодот 24–26 ноември Симпозион ја организира во Белград, Република Србија.

Спроведувањето на пописот е обемна, сериозна и одговорна работа, која мора да се изврши пред изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи. Резултатите од спроведениот попис претставуваат основа за реално прикажување на податоците во финансиските извештаи, а пописниот елаборат е предмет на внатрешна и надворешна ревизија. Целта на оваа практична работилница е да се добијат експертски и применливи толкувања, објаснувања и практични насоки – преку работа со примери – за сите аспекти на пописот на вработените одговорни за спроведување на постапките за попис.

Работилницата ќе се спроведе на високо стручно ниво, со користење многубројни примери, прашања, одговори, студии на случај, дискусии од страна на долгогодишни предавачи во областа, според што, како стручен едукативен настан, наменета за членови на пописни комисии, финансиски работници (лица задолжени за материјална евиденција и лица задолжени за сметководствена евиденција), внатрешни ревизори и одговорни лица. Содржините што ќе ги покриеме би биле корисни и за сите заинтересирани претставници на буџетските корисници, единки корисници, единици на локалната самоуправа, јавни претпријатија и трговските друштва.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за тридневната работилница. Информациите за програмата на тридневното патување се достапни во  »ПРОГРАМАТА ЗА ПАТУВАЊЕ«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.