Дали го усогласивте вашето работење со новиот ЗЗЛП? (винарија Queen Maria)

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на интерактивната работилница на тема: „Дали го  усогласивте вашето работење со новиот ЗЗЛП?“, која ќе се одржи на 20 септември 2022 г. (вторник) винаријата „Royal Winery Queen Maria

Новиот Закон за заштита на личните податоци претставува еволуција на концептот за заштита на личните податоци. Имајќи предвид дека обработката на личните податоци е сè повеќе автоматизирана, новиот закон дава одговори на прашањата кој, кога, зошто и како може да собира, обработува и чува лични податоци. Притоа, мерките за заштита на личните податоци треба да бидат дизајнирани врз основа на претходно проценет ризик.

Поаѓајќи од оваа фактичка состојба, најавената работилница има за цел да ги оспособи учесниците да се самоевалуираат и да донесат заклучок: дали правилно го воспоставиле системот за заштита на личните податоци и каде и како треба да го надградат и ажурираат.

Предмет на оваа работилница е токму анализирањето на новиот концепт на заштита на личните податоци, имајќи предвид дека разбирањето на новиот концепт претставува појдовна основа во создавањето систем за заштита на личните податоци. Воедно, целта на оваа работилница е да им помогне на контролорите и обработувачите да се усогласат со новиот Закон за заштита на личните податоци, односно да им помогне при воспоставувањето нов систем за заштита на личните податоци или при реформирањето и надградбата на постојниот.

Повеќе за работилницата можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за работилницата. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.