Со задоволство Ве покануваме да учествувате на интерактивната обука на тема „Почитувањето на правната регулатива – предуслов за успешно канцелариско и архивско работење“, која на 26 октомври Симпозион ја организира во ресторанот „БЕЛА ВОДА“ – Велешко Езеро.
На обуката на оваа тема, најнапред, на соодветен начин ќе биде презентирана правната рамка (услови, причини и последици) од значење за архивската дејност, по што, благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачот во оваа дејност, ќе се посвети посебно внимание на примената на законските и подзаконските акти, односно на нивниот теоретски и практичен аспект во канцелариското и архивското работење. Ќе бидат темелно разработени правата и обврските на имателите, како и надлежноста на архивите, која е регулирана со Законот за архивскиот материјал (ЗАМ) и со подзаконските акти. Посебно внимание на обуката, ќе се посвети на одредени недоследности, грешки и пропусти во работењето на имателите со можни решениеја за нивно надминување. Обуката ќе се одвива под менторство на д-р Ацо Ангеловски, еден од најголемите експерти во областа во земјава.
Имате можност да учествувате во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење, со вклучени кафе-пауза, ручек, сертификат за учество, работен материјал од работилницата. За учесниците ќе биде обезбеден и примерок од книгата „Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски.
Ве покануваме да прочитате повеќе за обуката со клик на документите »ПОКАНА« и »АГЕНДА«. За да пријавите учество, Ве молиме да ни испратите пополнет »пријавен лист« на info@simpozion.mk.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.