Со преминот во последниот месец од годинава, гледаме на назад кон ноември како уште еден исклучително успешен месец во работата на едукативната секција на Симпозион. Во периодот од 15 до 18 ноември реализиравме два важни едукативни настани со две обемни групи учесници во прекрасната есенска атмосфера на турскиот велеград Истанбул. Високо беа оценети резултатите на нашите долги и темелни подготовки на две тридневни работилници преку кои понудивме внимателно одбрано знаење, богата програма на слободното време и високи стандарди на реализација на секој елемент на патувањето. Реакциите на спроведената евалуција, кои ги надминаа нашите очекувања, ни даваат мотивација да продолжиме по зацртаниот професионален курс, усовршувајќи ги нашите едукативни програми и активно работејќи на разработка на нови теми настани.
Работилницата „Управување со човечки ресурси во јавниот сектор“ ја упати групата учесници во важните теми уредени со законите во областа на управувањето со човечките ресурси, во контекст на секојдневното работење. Централно внимание им беше посветено на прашањата поврзании со примената на законите во секојдневното работење: изработката на функционална анализа и на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, планирањето на вработувањата, управувањето со учинокот, како и дисциплинската и материјалната одговорност на службениците. Беа разгледани бројните предизвици, различни толкувања и дилеми кои произлегуваат од практичната примена Општиот колективен договор за јавниот сектор и на Гранскиот колективен договор. Особена вредност на работилницата ѝ додаде интерактивната комуникација на учесниците со предавачот, која придонесе кон богата размена на важни искуства, мислења и ставови меѓу колегите кои учествуваа.
Клучните знаења, искуства и практики за правилна и практична примена на законската регулатива неопходна за законито, точно и навремено спроведување на целокупната постапка на попис – ова беше во тематскиот фокус на групата учесници во рамките на работилницата „Спроведување попис на средствата, побарувањата и обврските, усогласување на сметководствената со фактичката состојба и сметководствено евидентирање“. Преку внимателно разработената агенда на овој едукативен настан, кој имаше нагласено интерактивен карактер, беа демонстрирани многу примери, отворени низа прашања и понудени соодветни одговори и студии на случај. Низ поведените дискусии, учесниците можеа активно да ги адресираат конкретните проблеми и предизвици од практиката. Покрај стекнатите знаења, насоки и искуства, учесниците добија и предлог-модели за процедурите и документите опфатени со тематската агенда.
Двете работилници беа придружени со програма на патувањето која Симпозион ја имаше специјално подготвено за учесниците на нашите едукативни настани во соработка со Travel Today и која опфати дневно и вечерно крстарење по Босфор, посета на живописните истанбулски населби Фенер и Балат со нивните шарените куќи и сокачиња, воедно местото каде што се наоѓа вселенската патријаршија, остваривме разглед на една од најпознатите палати на светот – Долмабахче, позната како „турски Версај“, како и пешачка тура низ Султанахмент, маркантниот историски дел на градот, каде што се наоѓаат објектите од светско културно значење – наследство на долгите византиски и османлиски векови неимарство и духовност: Аја Софија, Сината Џамија и Хиподромот.
Вечерната програма се одвиваше на внимателно одбрани места и беше придружена со богата традиционална музичка и танцова програма, како и богата и висококвалитетна гама на локални вкусови. Ги посетивме речиси сите неизбежни градски знаменитости на Истамбул: кулата Галата, чаршијата Капали, славниот градски плоштад Таксим, долгата трговска улица Истиклал. Организираните екскурзии беа постојано придружени со соодветен превоз до локациите, професионални локални водичи и соодветна звучна опрема, што овозможи максимално впивање на убавината и значајноста на посетените места.
Целото поминато време, со посета на најзначајните културни, архитектонски, историски и гастрономски точки Истанбул, им овозможи сеопфатно и квалитетно искуство на сите учесници на работилниците. Притоа, секој елемент на програмата беше наменет конкретно за нашата група учесници и вклучен во целокупниот аранжман, без додатни издатоци на сметка на учесниците, што е својствено за сериозниот пристап на Симпозион кон организацијата на своите едукативни настани.
Во продолжение низ неколку фотографии отвораме само мал прозорец кон богатите три дена од ноемвриската програма на Симпозион.