Втор термин: Новини во ЗЈН, најчести дилеми и препораки за успешни постапки | 5 март во Скопје

Едукација

По силниот интерес и пополнувањето на нашата група за претстојната работилница посветена на новините во Законот за јавни набавки, Симпозион реши да излезе во пресрет на дополнителните барања за учество воведувајќи уште еден, нов термин за работилницата со истиот исклучителен состав на докажани експерти во областа на јавните набавки.

Отворен е повикот за пријавување на стручната работилница „Новини во Законот за јавните набавки, најчести дилеми и препораки за успешни постапки“, која на 5 март (среда) ќе ја реализираме во удобните услови на Park Hotel & Spaво Скопје.

Целта на работилницата е преку стручен, директен, сеопфатен и интерактивен пристап да се добие јасна претстава и применливи упатства за новите измени и дополнувања на Законот за јавните набавки, кои се веќе усвоени и објавени како важечки прописи („Службен весник на РСМ“ бр.14/2025). Во интерес на квалитетот, работилницата ќе ја водат експерти од раководството на Бирото за јавни набавки.

Како учесници,  ќе бидете први што ќе добијат увид во важните новини на јавните набавки во оваа исклучително динамична година, обележана со законските измени, влијанијата на геополитичките промени и пресвртот во стратегиите за набавки. Новите надлежности на Бирото за јавни набавки, новите основи за поништување на постапката, новините во правната заштита, значењето на новата административна проверка на тендерската документација и на ограничувањето за спроведување електронски аукции — ова се дел од темите во фокус.

Клучниот бенефит од учеството во работилницата ќе биде дознавањето и совладувањето на начините за разрешување и/или превенирање на проблемите кои се појавуваат во одделните фази од постапките за јавна набавка. Најискусните и најинформираните професионалци ќе понудат применливи решенија за вашите конкретни проблеми и искуства.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.