Експертски насоки: Рамковните спогодби и нивните предности во однос на класичните договори за ЈН

Архива

Со одлични предавања и дискусии за време на работните сесии и пријатна работно-друштвена атмосфера за време на паузите протече интерактивната обука на тема „Рамковните спогодби и нивните предности во однос на класичните договори за јавни набавки“ која Симпозион ја оствари на 12 декември, вторник, во хотелот „Сити парк“ во Скопје.

На обуката беше разјаснет основниот поим на рамковните спогодби, начинот на склучувањето на истите и видовите на спогодби со еден или повеќе економски оператори. Се водеше плодна дискусија за начинот на реализација на рамковните спогодби, кои овозможуваат навремено и квалитетно задоволување на потребите од одредени предмети на набавка како и економично, ефикасно и ефективно трошење на јавните пари. Обуката го тематизира и доделувањето на поединечните договори за јавни набавки, со што беше создадена јасна слика за практичната применливост на рамковните спогодби во споредба со класичните договори за јавни набавки.

Експертизата во оваа област беше обезбедена од страна на предавачите, м-р Рита Глигоријевска и Татјана Пешевска, кои имаат долгогодишно искуство во работата со оваа проблематика и имаат придонес кон усогласувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ во оваа област.

Тимот на Симпозион особено се радува на високите оценки од страна на учесниците за логистичката, тематската и организациската подготовка на обуката и продолжува со развивање содржини за понатамошно проширување на професионалното знаење во областа на јавните набавки.

Повеќе слики од обуката можете да видите на нашата Facebook страна.