Интегрирана заштита на личните податоци и сајбер безбедност | 24 март во винарија Queen Maria, Демир Капија

Едукација

Со цел да им обезбедиме на стручните лица практично разбирање на законските обврски, безбедносните мерки, регулаторните барања и добрите практики за заштита на личните податоци и за сајбер-безбедноста, го отвораме повикот за учество на стручната работилница „Податоците се вредност: Интегрирана заштита на личните податоци и сајбер безбедност — од закон до практична примена“, која на 24 март (вторник) ќе ја реализираме во кралската винарија „Queen Maria“ во Демир Капија.

Работилницата сеопфатно ќе ги запознае учесниците со правилата за заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци, со посебен акцент на Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци, како и со правилата за безбедност на мрежните и информациските системи утврдени во Законот за безбедност на мрежните и информациските системи. Подготовката на методологија за процена на ризик, спроведувањето проценка по процеси и предложените мерки за намалување на ризиците и улогата на офицерот за заштита на личните податоци и офицерот за сајбер-безбедност, како и практичните примери за функционален систем — ова се темите во фокус на стручниот едукативен настан.

Преку практични насоки, учесниците ќе увидат како да ги идентификуваат ризиците при обработката на личните податоци и кои активности треба да ги преземат контролорите при планирањето, воспоставувањето, применувањето и одржувањето на техничките и организациските мерки. Работилницата ќе даде јасни упатства за управувањето и известувањето при сајбер-безбедносни инциденти и за нивното влијание врз безбедноста на личните податоци.

Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество се професионалците и претставниците на организации, приватни и државни ентитети кои се директно вклучени во обработката на личните податоци и обезбедувањето на сајбер-безбедноста. Содржините и стручната агенда на работилницата даваат одлична и компактна можност за размена на искуства и стручни ставови, како и за стекнување практични знаења и решенија за предизвиците што произлегуваат од различните цели и процеси на обработката на личните податоци во секојдневното работење.

Повеќе за еднодневната стручна работилница во Демир Капија можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«, а прегледот на работните сесии и содржини е достапен во официјалната »АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸
ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка“ (8—11 мај, Прага, Чешка) — попустот за рано пријавување истекува на 6 март

Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за справување со предизвиците“ (24—27 април, Прага, Чешка)

Подготовка за надворешна ревизија: што да се очекува и како да се постапува“ (12 март, винарија „Queen Maria“, Демир Капија)