Симпозион е препознатлив по 3 принципи во своето работење: 1) врвна експертиза во преносот на стручни знаења и искуства, 2) најдобри работни услови во едукативните настани и услугите што ги нудиме и 3) одговорна и будна деловна етика, која ги пресретнува вашите потребите и ги следи актуелните настани, измени и тенденции во деловното работење.
Токму овие три страни на нашето работење се основата на која се потпира планот за следните три работилници на пролетната агенда на Симпозион, кои ќе се одржат во текот на месец мај во Будимпешта.
Со задоволство ги најавуваме генералните теми/области и термините на одржување на трите претстојни работилници:
3-6 мај – ЈАВНИ НАБАВКИ
16-19 мај – ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
16-19 мај – ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО
Она што го имаме подготвено и го продлабочуваме се три едукативни програми што ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во овие три области. Аранжманот за сите три едукативни настани опфаќа три ноќевања и четири полни денови во една од најважните европски престолнини. Се потрудивме да обезбедиме најдобри услови за сместување на гостите и одржување на работилниците, а едукативната програма ќе биде придружена со исклучително квалитетна програма на патување низ убавините на Будимпешта.
Следете нè за да се запознаете со деталите за овие три работилници: начинот на пријавување, промотивните пакети за рано пријавување, деталната тематска агенда на работилниците, составот на предавачите, програмата за патување, како и содржината на пакет аранжманот.
И подгответе се за одлична пролет!