Обука во пресрет на реформите во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат

Едукација

Симпозион со задоволство ја најавува важната работилница од областа на јавните набавки на тема: „Реформи во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат. На работилницата ќе ги презентираме слабостите на актуелниот закон, со осврт на проблемите кои ќе треба да се разрешат. Воедно, на оваа работилница ќе ги презентираме претстојните реформи во системот на јавните набавки и ќе го промовираме текстот на новиот закон. Истовремено, очекуваме да ги слушнеме вашите забелешки и размислувања како истиот да се подобри. Предавачите на работилницата се препознатливи експерти за јавните набавки, со долгогодишно искуство во областа од кои ќе добиете детални информации, инструкции и насоки за новините кои не очекуваат во областа на јавните набавки.

Работилницата ќе се реализира според приложената агенда на 22 март 2018 година, во хотелот „Best Western Hotel Turist“ – Скопје. Притоа, ќе се споделат знаења, вештини и практични искуства кои ќе ви помогнат во разрешување на проблемите кои ви се јавуваат при примената на актуелниот Закон за јавни набавки, ќе се споделат информации и за: новите електронски алатки – електронски пазар за мали јавни набавки, електронски каталози, електронска жалба; новите постапки за доделување на договори за јавни набавки, објавувањето на плановите за јавни набавки и склучените договори; системот на претходна контрола која ќе ја спроведува Бирото за јавни набавки, како и подобрување на правната заштита, која претставува еден од столбовите на контролата во постапките за јавни набавки.

Ценејќи ја репутацијата, професионалните знаења и вештини на предавачите, а имајќи во предвид дека истите се докажани на полето на: подготовката и следењето на законска регулатива, компаративната анализа на домашната и меѓународната регулатива и пракса, како и во спроведувањето на обуки за јавни набавки, со право очекуваме квалитетна и корисна работилница.

Работилницата е наменета за сите договорни органи, економски оператори, како и останати лица чие работење е директно или индиректно поврзано со јавните набавки. Работилницата е од интерактивен карактер и ќе има простор да ги изнесете своите забелешки и коментари.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната покана, агенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk