Како да учествувате на мајските работилници во Будимпешта (јавни набавки; прописи за администрацијата; билансни позиции)

Едукација

Едукацијата и стручната доквалификација во кругот на нашите професионални области е ефектива кога се одвиваа на концентриран, практичен и интерактивен начин. Патувањето во нови средини, од друга страна, дава нешто што е многу важно за личниот развој на човекот: нови перспективи на реалноста, освежен поглед на сопствените можности и мотивација за напредување во сите полиња од животот и работата. Имајќи го ова на ум, со претстојната, мајска тријада работилници обединивме две одлични можности: висококвалитетна, внимателно разработена работна агенда за секоја од трите работилници и концентриран, полн со посети и искуства план на патување во амбиентот на прекрасната унгарска престолнина.

СИТЕ ФАЗИ ОД ПРОЦЕСОТ НА ЈАВНИ НАБАВКИ НИЗ КОНКРЕТНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ“ (3–6 мај)

Оваа работилница е целно насочена кон успешното и правилното спроведување на сите фази од процесот на јавни набавки. Овој процес бара практично познавање и јасно разбирање на различните елементи на тендерската постапка и на нивната меѓусебна поврзаност. Предвидените содржини ги таргетираат особено откриените слабости во практиката кај договорните органи и економските оператори во изминатиот период, пренесувајќи конкретни упатства и клучни искуства за нивно надминување. Подготовката на тендерската документација, евалуацијата на понудите, најчестите пропусти и грешки утврдени од страна на понудувачите и Државната комисија за жалби по јавни набавки, употребата на критериумот најдобар однос помеѓу цената и квалитетот и правната заштита – ова се централните теми што ќе ги опфатиме на стручен, темелен и интерактивен начин, откако ги истраживме предизвиците и дилемите што стојат пред професионалните лица. Главен и директен интерес за учество во оваа практична работилница, според тоа, имаат договорните органиекономските оператори и лицата кои сакаат професионално да се занимаваат или запознаат со јавни набавки. За опсегот на работилница, конкретните теми и предвидените содржини можете добиете повеќе детали во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«, а своето учество можете да го осигурате испраќајќи пополнет »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на официјалната адреса: info@simpozion.mk Ве поттикнуваме да го искористите предвидениот попуст за пријавените учесници до 31 март.

ПРЕДИЗВИЦИ ВО ПРИМЕНАТА НА ПОСТОЈНИТЕ ПРОПИСИ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА – ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА НОВИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА“ (16–19 мај)

Учеството во оваа тридневна работилница детално ќе ве запознае со специфичните прашања уредени со сите засегнати закони и прописи што се однесуваат на вработените во јавниот сектор, административните службеници, работните односи и колективните договори за јавниот сектор, државната управа, стручните служби и јавните установи, општините, агенциите и другите државни органи. Нагласокот ќе биде ставен на примената на законите во секојдневното работење и прашањата што се однесуваат на правата и обврските на вработените во јавниот сектор. Изработка на функционална анализа, планирање на вработувањата во јавниот сектор, вработување, унапредување и мобилност во јавниот сектор, видовите вработувања (на неопределено и определено време и со полно и неполно работно време), раскинувањето на договорот за работа, отсуствата од работа поради болест или други причини, мирувањето на работниот однос – ова се главните теми од интерес што ќе бидат покриени на стручен, темелен и интерактивен начин. За опсегот на работилница, конкретните теми и предвидените содржини можете добиете повеќе детали во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«, а своето учество можете да го осигурате испраќајќи пополнет »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на официјалната адреса: info@simpozion.mk Ве поттикнуваме да го искористите предвидениот попуст за пријавените учесници до 7 април.

АКТУЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ ПРИ ПРОЦЕНУВАЊЕ, ЕВИДЕНЦИЈА И ПРОВЕРКА НА БИЛАНСНИТЕ ПОЗИЦИИ(16–19 мај)

Новините во законската рамка – опфаќајќи ги законите за буџети, за данок на личен доход, за платежни услуги и платежни системи и за добивка – ќе бидат темелно разработени на оваа тридневна работилница, со посебен акцент на постигнувањето точна, навремена и хронолошка сметководствената евиденција, усогласена со фактичката состојба. Проценувањето на билансните позиции, вршењето на нивна проверка и контрола, примената на сметководствени принципи и начела за евидентирање на материјални, нематеријални и средствата  во подготовка, начинот на набавка, продажба, закуп и евиденција на движни и недвижни ствари, признавањето на приходите и расходите, даночниот третман на одделни видови трошоци, надоместоци и додатоци на плата, пресметката и исплатата на патни и дневни трошоци, користењето на службени возила, користењето на средствата за репрезентација, нивниот даночен третман – ова стои во фокусот на работната агенда во тридневната посета на Будимпешта. За опсегот на работилница, конкретните теми и предвидените содржини можете добиете повеќе детали во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«, а своето учество можете да го осигурате испраќајќи пополнет »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на официјалната адреса: info@simpozion.mk Ве поттикнуваме да го искористите предвидениот попуст за пријавените учесници до 7 април.