Симпозион секогаш го следи најважното во практиката на јавните набавки и се фокусира на практичниот аспект на нивната примена за да ви обезбеди квалитетна, стручна, успешна и правилна работа – без разлика дали сте договорен орган или економски оператор.
„Сите фази од процесот на јавни набавки низ конкретни прашања и одговори“ е тридневна работилница со практичен и интерактивен карактер, која по долги и сериозни подготовки, ќе биде реализирана во периодот 3–6 мај во Будимпешта, Унгарија.
Зошто е важна оваа работилница?
Успешното и правилното спроведување на фазите од процесот на јавни набавки бара практично познавање и јасно разбирање на различните елементи на тендерската постапка и на нивната меѓусебна поврзаност. Практиката во изминатиот период кај договорните органи и економските оператори покажува дека сè уште постојат низа слабости и покрај значително подобрување на законската регулатива во областа на јавните набавки.
Со овој едукативен настан, Симпозион пренесува клучни искуства и упатства за елиминирање на откриените слабости. На тридневната работилница, детално и сеопфатно ќе бидат разработени неколку множества од важни теми поврзани со предизвиците и дилемите со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори при подготовката на тендерската документација, евалуацијата на понудите и најчестите пропусти и грешки во практиката, утврдени од страна на понудувачите и Државната комисија за жалби по јавни набавки; употребата на критериумот најдобар однос помеѓу цената и квалитетот и правната заштита.
За кого е наменета оваа работилница?
Главните засегнати лица и групи што имаат директен интерес за учество во оваа практична работилница се договорни органи (одговорни лица, лица на раководни позиции, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, лица за јавни набавки и други лица вработени кај договорните органи), економски оператори (одговорни лица, лица кои ги подготвуваат понудите и лица кои ја следат реализацијата на договорите), лица кои сакаат професионално да се занимаваат со јавни набавки и други заинтересирани лица кои од различен аспект се поврзани со јавните набавки. Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса: info@simpozion.mk
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.