Стручни работилници во Будимпешта (мај 2023): Предизвици во примената на постојните прописи за администрација | Проценување, евиденција и проверка на билансните позиции

Едукација

Во пресрет на неодложните потреби за стручна надградба и развој што ги наметнува динамичното деловно и општествено опкружување, Симпозион организира две тридневни работилници во периодот од 16 до 19 мај во Будимпешта, Унгарија. Програмата и агендата на обете работилници се разработени и составени со внимателно следење на најважните теми и најновите искуства во предметните области, со цел да Ви испорачаме внимателно одбрано знаење. Во продолжение прочитајте повеќе за содржините на работилниците.

ПРЕДИЗВИЦИ ВО ПРИМЕНАТА НА ПОСТОЈНИТЕ ПРОПИСИ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА – ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА НОВИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА

Целта на оваа работилница е подетално запознавање и дискусија за специфични прашања, уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за работните односи, и Општиот колективен договор за јавниот сектор и Гранскиот Колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Ќе се осврнеме на најчестите прашања кои се појавуваат кај вработените во областа на управување со човечки ресурси, при примена на законите во секојдневното работење, како што се: изработка на функционална анализа, планирање на вработувањата во јавниот сектор, вработување, унапредување и мобилност во јавниот сектор, видовите вработувања (на неопределено и определено време и со полно и неполно работно време) и други прашања кои се од интерес на учесниците.

Едновремено, имајќи ги предвид и честите измени и новини во работното законодавство, на оваа работилница ќе одговориме и на прашањата што се однесуваат на правата и обврските на вработените во јавниот сектор регулирани со Законот за работните односи, како и со колективните договори, како што се: раскинување на договорот за работа; отсуствата од работа поради болест или други причини; мирувањето на работниот однос и сл.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса: info@simpozion.mk

„АКТУЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ ПРИ ПРОЦЕНУВАЊЕ, ЕВИДЕНЦИЈА И ПРОВЕРКА НА БИЛАНСНИТЕ ПОЗИЦИИ

Целта на работилницата запознавање на учесниците со новините во Законот за буџети, Законот за данок на личен доход, Закон за платежни услуги и платежни системи, како и примената на одредбите од Законот за добивка. Посебен акцент ќе биде ставен на постигнувањето точна, навремена и хронолошка сметководствената евиденција, усогласена со фактичката состојба.

Во фокус за разработка ќе биде и проценувањето на билансните позиции, вршењето на нивна проверка и контрола, примената на сметководствени принципи и начела за евидентирање на материјални, нематеријални и средствата  во подготовка, начинот на набавка, продажба, закуп и евиденција на движни и недвижни ствари.

Ќе го разработиме и признавањето на приходите и расходите, со осврт на даночниот третман на одделни видови трошоци, надоместоци и додатоци на плата, пресметката и исплатата на патни и дневни трошоци, користење на службени возила, користење на средствата за репрезентација и нивниот даночен третман.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса: info@simpozion.mk

Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 7 април, предвиден е попуст од 5% на аранжманот и  котизацијата за учество. 

Повеќе информации за работилницата, предавачите, како и детално разработената програма на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот и местата на посета во унгарската престолнина, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.