Остварена обука во областа на заштитата на личните податоци (предизвици, ризици и механизми)

Архива

На 9 март Симпозион за првпат оствари обука во областа на заштитата на личните податоци под наслов: „Предизвици, ризици и механизми за заштита на личните податоци“. Обуката беше одржана во хотелот „City Park“ – Скопје.

Предавачи на оваа обука беа Валентин Фетаџокоски, Мануела Станоевска Стоилковска и м-р Марјана Планојевиќ, практичари со долгогодишно искуство во областа на заштитата на личните податоци и во спроведувањето на обуки од оваа тема, кои, воедно, ја сочинуваат и работната група за подготовка на новиот Закон за заштита на личните податоци.

– Како компанијата/државниот орган да се заштити од незаконска обработка на лични податоци?
– Како да ги заштитиме личните податоци?
– Дали при своето работење го прекршуваме Законот за заштита на личните податоци?
– Како треба да постапиме во случаите каде се засегнати личните податоци?
– Кои се ризиците кои се појавуваат при собирањето, обработката и чувањето на личните податоци?
– Кои се предизвиците на новите технолошки решенија и предизвиците при традиционалната обработка на лични податоци и како да се справиме со нив?

Преку работните сесии и дискусиите, со обуката беа адресирани наведените прашања и беа зададену насоки за усогласување со прописите за заштита на личните податоци. Исто така, беше понудено дефинирање на поимите од областа на заштитата на личните податоци, како и техничките и организациските мерки кои треба да се применат за да се обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци, и како да се креира документацијата во која ќе бидат содржани истите.

Воедно, беа опфатени одредени аспекти од новата легислатива за заштита на личните податоци кои се однесуваат на зајакнување на правата на физичките лица, како и дополнителните обврски и одговорности на компанијата/државниот орган за постигнување на одговорност (отчетност), а кои имаат влијание на правичното и транспарентното обработување на личните податоци при нивното секојдневно работење.

Овој месец претстои уште една обука во организација на Симпозион. Ве покануваме да ја погледнете овде: Реформи во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат.