Навраќање на успешниот семинар во Златибор: три дена во прекрасен амбиент со агенда посветена на транспарентното финансиско и сметководствено работење

Архива

Речиси два месеци по завршувањето на одличниот тридневен семинар од областа на финсиското работење во Златибор, впечатоците остануваат свежи, а позитивните реакции продолжуваат да стигнуваат на адресата на Симпозион.

Семинарот „Завршна сметка – отчет и транспарентно обелоденување на сите финансиски и сметководствени трансакции во финансиските извештаи“, кој го реализиравме во февруари, создаде идеални услови за група учесници од финансискиот сектор и одговорни сметководители да ги стекнат и разменат сите информации поврзани со значајните измени во законската регулатива. Преку сеопфатно предавање и интерактивна дискусија ги адресиравме сите прашања и дилеми кои се составен дел на секојдневната практика во оваа област.

Работната агенда првенствено стави акцент на клучните проблеми и прашања произлезени од Завршната/Годишна сметка, во контекст на обврската на одговорниот сметководител за подготвување на финансиските извештаи. Содржините беа внимателно осмислени и реализирани на структуриран начин заради ефективно усвојување на клучните знаења. Посебно внимание им посветивме на конкретните реалии и потреби на стручната практика, како деловните книги за редовна евиденција на сите финансиски и сметководствени трансакции спроведени во текот на деловната година.

Програмата на патувањето во Златибор, темелно подготвена од страна на Travel Today, опфати повеќесодржини и посети на локалните знаменитости. Покрај искусувањето на традиционална жива музика и богатите златиборски вкусови и специјалитети, го посетивме прекрасниот локалитет Сирогојно со отворениот етнолошки музеј „Старо Село“, локалниот плетачки музеј и пештерата Стопиќ. Како дел од програмата, организиравме посетата на врвот Торник, со возење по најдолгата едносегментна панорамска гондола во светот. Природата на Златиборското Езеро постојано го придружуваше работниот дел од семинарот. Целата програма на патувањето, соодветно на уникатниот пристап на Симпозион, беше специјално подготвена за да овозможи квалитетно доживување на ретките убавини на Златибор. Се потрудивме да обезбедиме повеќе и побогати искуства од она што би го подразбирала стандардната посета, а таквиот пристап го продолжуваме и развиваме со секој следен едукативен настан.

На агендата на Симпозион претстојат неколку важни работилници, кои во рамките на тридневна програма ќе ги реализираме во Виена. Аранжманот за трите едукативни настани опфаќа три ноќевања и четири полни денови во престолнината на Австрија, со посета на многустраното културно наследство и богатствата на современиот живот на овој раскошен европски град. Покрај високиот квалитет на обезбедените услови за реализација на едукативната програма, создадовме програма на патување која ја претставува Виена во најдобрата можна светлина. Едукативните агенди се осмислени за да дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во неколку стручни области.

Повикот е сè уште отворен за две од работилниците, а во продолжение ги даваме основните информации за подетално запознавање и пријавување:

▸„Актуелни теми за вработените во јавниот сектор: поврзаноста на функционалната анализа со планирањата на вработувањата, видовите одговорност и обврските на лицата за интегритет“, во периодот 1–4 јуни во Виена, Австрија. Содржините Содржините на едукативните сесии, темите и останатите детали во рамките на тридневната работилница се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Пријавувањето за учество на работилницата е отворено најдоцна до 17 мај со пополнување и испраќање на пријавниот лист на официјалната електронска адреса на Симпозион (info@simpozion.mk).

▸„Воспоставување на систем на управување со ризици, надоместоци и додатоци на плата, сметководствено евидентирање на специфични трансакции“, во периодот 1–4 јуни во Виена, Австрија. Содржините на едукативните сесии, темите и останатите детали во рамките на тридневната работилница се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Пријавувањето за учество на работилницата е отворено најдоцна до 17 мај со пополнување и испраќање на пријавниот лист на официјалната електронска адреса на Симпозион (info@simpozion.mk).

▸▸▸

Симпозион им благодари на учесниците на тридневната работилница во Златибор за одличните реакциите, кои нè бодрат и обврзуваат да продолжиме со развивање на нашите професионални стандарди и работни планови. Внимателниот избор на сите елементи од работната агенда и програмата на патување на нашите едукативни настани е целосно посветен на максимално квалитетна услуга и постојано повишување на компетенциите и знаењата на стручните лица. Во продолжение споделуваме мал албум од реализираниот настан.