Продуктивнa дискусија за примената на новиот ЗЈН во пракса

Архива

Во текот на вчерашниот ден, 24 април, во исполнета сала во хотелот „City Park“ во Скопје, заинтересирани колешки и колеги-практичари од областа на јавните набавки ја проследија целодневната обука со наслов „Јавните набавки во пракса согласно одредбите на ЗЈН“.

Атмосферата беше максимално партиципативна и се разви жива дискусија под компетентното водство на искусниот долгогодишен обучувач Татјана Пешевска, дипл. екк. Се отворија и разгледаа низа прашања, вклучувајќи на пример: кои се измените во видовите постапки за доделување на договори за ЈН, како да се дефинираат критериумите за способност и критериумите за доделување на договор, како постапуваме во жалбената постапка и управната контрола и др.

Учесниците, претставија одредени дилеми и прашања од нивната секојдневна пракса во повеќе договорни органи во државата, како и неколку економски оператори.

Професионалната размена продолжи и во текот на ручекот во пицеријата „Костарика“, а тимот на Симпозион е благодарен за одличните повратни информации и предложени насоки за организирањето на идни семинари од ваков тип.

Воедно, Ве покануваме да ги погледнете претстојните обуки кои што се сè уште отворени за пријавување:

Работилница во Атина: Примена на новиот Закон за јавни набавки (16–18 мај; рок за пријавување со попуст: 26 април)

Срдечно Ви ги честитаме Велигденските празници и Ви посакуваме квалитетен одмор и пријатни мигови со најблиските.