Успешна интерактивна обука за познавањето и почитувањето на правната регулатива за КиАР (винарија „Queen Maria“)

Архива

Минатата недела тимот на Симпозион со висок успех спроведе интерактивната обука на тема „Колку ја познаваме и почитуваме правната регулатива за канцелариско и архивско работење“ со нова група учесници во винаријата „Royal Winery Queen Maria“. Обуката придонесе кон развивањето на знаењата и способностите кај вработените во областа на архивското и канцелирското работење, и тоа во делот на недоследностите, грешките и пропустите во работењето на имателите со можни решенија за нивно надминување.

На обуката на оваа тема на соодветен начин беше презентирана правната рамка (условите, причините и последиците) од значење за архивската дејност, по што, благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачот во оваа дејност, беше посветено посебно внимание на примената на законските и подзаконските акти, односно на нивниот теоретски и практичен аспект во канцелариското и архивското работење. Темелно беа разработени правата и обврските на имателите, како и надлежноста на архивите, која е регулирана со Законот за архивскиот материјал (ЗАМ) и со подзаконските акти. Обуката беше спроведена под менторство на д-р Ацо Ангеловски, еден од најголемите експерти во областа во земјава.

За сите учесници на обуката беше обезбеден и примерок од книгата „Канцелариско и архивско работење“ од д-р Ангеловски, во издание на Симпозион, кое е вистинска ризница на одговори за сите дилеми и недоумици од оваа област. Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на документарниот и архивскиот материјал, ползувајќи се со професионалното и академско знаење на авторот, како и неговото долгогодишно искуство од областа. На повеќе од 200 страници, направен е темелен преглед на сите фази во работата со архивскиот материјал, а споделени се и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал. Изданието е вистинска жива адреса што одговара на сите прашања и недоумици поврзани со проблематиката на канцелариското и архивското работење.

Како посебно убав аспект на спроведениот едукативен настан, атмосферата ја оформи околината на кралската винарија „Queen Maria“. При прошетката, вински водич ја претстави историјата на локалитетот, винаријата, виновите насади, потеклото на грозјето и винските техники што се карактеристични за производството на вината од различните вински линии на „Кралица Марија“, по што селдуваше ручек со дегустација на претставените вина. Посетата на винските визби обезбеди запознавање одблизу со оригиналната историја на кралската винаријата и уживање во квалитетната комбинација на храна и вино на нивниот ресторан.

Позитивните резултати од обуката произлегуваат од повеќегодишната успешна соработка меѓу тимот на Симпозион, д-р Ангеловски и стручните лица од повеќе институции и фирми. Дел од атмосферата на обуката пренесува малата фото-галерија од настанот во продолжение, во изведба на Моментс Продукција.

За да бидете во тек со идните обуки и работилници што ќе ги организира Симпозион, следете го нашиот сајт и нашата Facebook страница. Остануваме посветени на препознавање на Вашите професионални потреби и пренесување внимателно одбрано знаење.