Почитувањето на правната регулатива – предуслов за успешно канцелариско и архивско работење

Едукација

Со задоволство Ве покануваме да учествувате на интерактивната обука на тема „Почитувањето на правната регулатива – предуслов за успешно канцелариско и архивско работење“, која на 20 март 2019 г. Симпозион ја организира во хотелот City Park“ – Скопје.

На обуката на оваа тема, најнапред, на соодветен начин ќе биде презентирана правната рамка (услови, причини и последици) од значење за архивската дејност, по што, благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачот во оваа дејност, ќе се посвети посебно внимание на примената на законските и подзаконските акти, односно на нивниот теоретски и практичен аспект во канцелариското и архивското работење. Ќе бидат темелно разработени правата и обврските на имателите, како и надлежноста на архивите, која регулирана со Законот за архивскиот материјал (ЗАМ) и со подзаконските акти. Обуката ќе се одвива под менторство на д-р Ацо Ангеловски, еден од најголемите експерти во областа во земјава.

Имате можност да учествувате во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење, со вклучени кафе-пауза, ручек, сертификат за учество, работен материјал од работилницата.

Учеството во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење вклучува и гратис книга „Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски. За две или повеќе пријавени лица од иста институција, следува попуст од 10%.

Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на документарниот и архивскиот материјал, ползувајќи се со професионалното и академско знаење на авторот, како и неговото долгогодишно искуство од областа. На повеќе од 200 страници, направен е темелен преглед на сите фази во работата со архивскиот материјал, а споделени се и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал. Ова издание е жива адреса на која може да се упатуваат сите прашања и недоумици поврзани со проблематиката на канцелариското и архивското работење.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната поканаагенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk