Рамковните спогодби и нивните предности во однос на класичните договори за јавни набавки

Едукација

На 12 декември, Симпозион  организира обука (работилница) со размена на искуства и практични примери за Рамковните спогодби и нивните предности во однос на класичните договори за јавни набавки. На обуката, која ќе се одржи во хотелот „City Park“ – Скопје,  низ отворени дискусии ќе го разјасниме основниот поим на рамковните спогодби, начинот на склучувањето на истите и видовите на спогодби со еден или повеќе економски оператори. Ќе дискутираме и за начинот на реализација на рамковните спогодби, како и за доделување на поединечните договори за јавни набавки, сè со цел добивање јасна слика за практичната применливост на рамковните спогодби во споредба со класичните договори за јавни набавки.

Европската статистичка анализа на јавните набавки покажува масовна застапеност на рамковните спогодби како резултат на практичната применливост и флексибилноста во однос на класичните договори за јавни набавки, бидејќи овозможуваат навремено и квалитетно задоволување на потребите од одредени предмети на набавка како и економично, ефикасно и ефективно трошење на јавните пари.

Последниот рок за пријавување за обуката е: 10 декември 2017 година.

Овде можете да ги преземете поканата, агендата и пријавниот лист за обуката.