Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за предизвиците | Тридневна стручна работилница во ПРАГА | 24—27 АПРИЛ

Едукација

Симпозион официјално го отвора повикот за учество на тридневната стручна работилница „Новини во јавните набавки во 2026 и практични искуства за справување со предизвиците“, која е на нашиот распоред во периодот од 24 до 27 април 2026 во прекрасната чешка престолнина Прага, еден од културно најбогатите и инспиративни европски главни градови.

Тридневната работилница ја подготвивме во одговор на потребите и барањата од колегите во стручната област на јавните набавки, претставници на договорните органи и економските оператори. Преку богатите содржини на работните сесии ќе им пренесеме на учесниците најнови информации, практични насоки и применливи искуства поврзани со законските и практичните аспекти на јавните набавки во 2026 година.

Во продолжение следуваат краток опис на работилницата и потребните материјали за пријава.

▸▸▸▸▸
НОВИНИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2026 И ПРАКТИЧНИ ИСКУСТВА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ
24—27 април, ПРАГА

Работилницата е конципирана како интензивен и практично ориентиран едукативен настан чија цел е, преку серија поврзани работни сесии, експертското теориско знаење да се поврзе директно со секојдневната практика во институциите и компаниите, со посебен акцент на неодамна усогласената правна практика и актуелните ставови на надлежните институции во областа на јавните набавки. Програмата опфаќа детален преглед на најчестите дилеми, предизвици и пропусти со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори, со посебен фокус на нивното влијание врз законитоста на постапката, квалитетот на понудите и ризикот од изјавување жалби. Ќе бидат разработени новините што ќе се применуваат во 2026 година, вклучувајќи го користењето на е-пазарот и е-каталозите како работни инструменти и нивните придобивки. Особено внимание ќе се посвети на усогласените ставови и практиката на Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и на чувствителните прашања поврзани со користењето способности од други субјекти и ангажирањето подизведувачи, неверојатно ниските цени и аритметичките грешки. Преку анализа на реални ситуации и типични грешки, учесниците ќе добијат конкретни препораки за правилна подготовка на тендерската документација и понудите, правилно утврдување на условите за способност и постапување во фазата на евалуација, со цел да се избегнат исклучувања, поништувања и непотребни правни ризици.

▸▸▸▸▸
ВАЖНИ АСПЕКТИ: ЗАСЕГНАТИ УЧЕСНИЦИ, ФОРМАТ И ПРИЈАВУВАЊЕ

Богатите и внимателно разработени содржини на работилницата се наменски подготвени за оние кои имаат директен интерес во областа на јавните набавки:

Договорните органи (одговорни лица, лица на раководни позиции, лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, лица задолжени за следење на реализацијата на договорите, внатрешни ревизори и други лица вработени кај договорните органи) — затоа што ќе ви помогне правилно да ги разјасните сите дилеми, обврски и предизвици поврзани со Законот за јавни набавки, да избегнете поништување на постапките и да ги искористите сите нови предности.

Економските оператори (управители, лица кои ги подготвуваат понудите) — затоа што ќе ви помогне успешно да ја подготвите вашата понуда комплетно и усогласено, без да ризикувате нејзино отфрлање како неприфатлива, т.е. да избегнете нецелосна и несоодветна документација и грешки кои водат до исклучување во евалуацијата.

Останати заинтересирани лица чии интереси и работење се во допир со јавните набавки — затоа што учеството ќе ви овозможи да бидете во тек со сите новини, добрата практика и препораките за подобрување на процесот.

Сите содржини ќе бидат разработени практично, директно и со низа примери. Дополнителна вредност на вашето учество носи можноста за сопствените проблеми и искуства во работењето да разговарате и најдете решенија со искусни експерти од областа на јавните набавки.

Повеќе информации за работниот план и содржините на кои ќе им биде посветена работата низ пет едукативни сесии се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

▸▸▸▸▸
ИСКЛУЧИТЕЛНА ПРОГРАМА И ЛОКАЦИЈА: ПРАГА, ЧЕШКА

Работната агенда на работилницата и патувањето ќе ги реализираме во Прага, во исклучително квалитетни услови кои овозможуваат концентрирана работа, квалитетна размена на искуства и активно професионално поврзување. Покрај едукативниот дел, учесниците ќе имаат можност да ја доживеат чешката престолнина на уникатен начин преку квалитетна тридневна програма на патување, која ја претставува Прага и нејзиното културно наследство во најдобра светлина. Настанот ќе се одвива на централна локација со максимално пријатни услови и квалитетно искористување на времето во овој фасцинантен европски град.

Повеќе информации за богатата придружна програма на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот, патувањето и местата на посета, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе ни се обратат преку официјалната електронска адреса info@simpozion.mk или преку нашиот контакт број: 078 271 576.

▸▸▸▸▸
Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 23 февруари е предвиден попуст од 5% на целиот аранжман и котизацијата за учество. За пријавени 3 и повеќе лица од иста институција следува дополнителен попуст од 5% на котизацијата за учество.

Со оваа работилница, Симпозион продолжува да го следи својот основен принцип — внимателно одбрано знаење, врвна експертиза и практична применливост, во служба на одговорно и ефективно работење во јавниот сектор.

▸▸▸▸▸
ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

Одговорно работење во јавниот сектор — Одлуки, ризици, процеси, документација и правна рамка“ (8—11 мај, Прага, Чешка) — попустот за рано пријавување истекува на 6 март

Економските оператори во јавните набавки — од анализа на тендерската документација до подготовка на понудата, жалба и склучување на договорот“ (26 февруари, Скопје)

Подготовка за надворешна ревизија: што да се очекува и како да се постапува“ (12 март, винарија „Queen Maria“, Демир Капија)