Остварена дводневна обука за почетниците во јавните набавки

Архива

На 27 и 28 ноември, Симпозион спроведе специјализирана дводневна интерактивна обука за почетниците во јавните набавки под насловот: „Сите чекори во спроведувањето постапка за доделување договор за јавна набавка, користење е-средства и правна заштита во јавните набавки“. Обуката беше одржана во хотелот „City Park“ – Скопје и водена од експерти со долгогодишно искуство сите аспекти на работата со јавните набавки.

Основната цел на дводневната интерактивна обука беше практично водење низ сите чекори во спроведувањето на постапките за јавни набавки, од планирањето на набавките и изработка на ГПЈН, преземањето активности пред отпочнувањето на постапката за јавна набавка, почетокот на постапка и нејзино спроведување, и завршувањето на постапката за ЈН.

Низ дводневната обука беше разработен и практичен пример за начинот на спроведување на постапките за јавни набавки со користење електронски средства преку ЕСЈН, а целата сесија беше заокружена со практични примери од правната заштита во јавните набавки, надлежностите и постапувањата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, битните повреди на ЗЈН во постапките и обврските на договорните органи по добиените решенија од ДКЖЈН.

Со реализација на дводневната едукативна програма, Симпозион даде свој придонес кон развојот на искуството и вештините на лицата кои се директно вклучени во спроведувањето на постапките за ЈН. Симпозион има намера да продоложи да ја развива својата традиција на воведување на новите во оваа област преку висококвалитетна едукација. Заинтересираните за оваа можност, ги охрабруваме да ни се обратат поскоро.

Повеќе слики од обуката можете да видите на нашата Facebook страна.