Симпозион со солидна база во 2018

Архива

Почитувани соработници,

Симпозион ви посакува среќна нова 2018 година! Благодарни и горди сме што, заедно со вас, заокружуваме една активна и успешна година посветена на ширење знаења и нови соработки!

Во 2017 година, Симпозион реализира 15 интерактивни обуки во Скопје, Белград и Дојран, опфаќајќи широк избор на исклучително полезни и добро осмислени теми. Применивме различни приоди и концептуални рамки: специјализирани и експертски семинари, дводневни и еднодневни обуки за почетно и напредно познавање од дадената професионална област. Заеднички разјаснивме многу дилеми, отворивме битни прашања и стекнавме нови проефесионални знаења, вештини и познанства.

Остваривме соработка со 12 експерти во својата дејност, вклучувајќи ги првите луѓе на повеќе релевантни државни органи и институции кои своето долгогодишно искуство го споделија со повеќе од 450 учесници!

Неколку од обуките беа реализирани по вторпат поради големиот интерес за истите, а бројот на учесници беше ограничен со цел максимално квалитетна интеракција со предавачите.

Ја издадовме книгата „Канцелариско и архивско работење“ од доц. д-р Ацо Ангеловски која претставува вистинска ризница на одговори на прашањата поврзани со канцелариското работење и архивирањето на документариот материјал. На повеќе од 200 страници, овој есенцијален водич нуди темелен преглед на сите фази во архивската работа, а споделени се и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати. Книгата е сè уште достапна за нарачка.

Остваривме соработка со 7 различни хотели и ресторани со цел да обезбедиме професионални услови за работа и пријатна атмосфера.

Поминавме пријатни и весели мигови на заедничко дружење за време на повеќедневните семинари низ земјата и во странство: во неповторливиот ресторан „Два Јелена“ на славната белградска улица Скадарлија; низ продавниците за време на шопинг-турата во Солун, како дел од обуката која ја реализиравме во Дојран, и уште многу моменти на нови познанства, живи разговори и пријателска атмосфера кои ќе останат со нас и сите оние кои досега беа дел од приказната на Симпозион.

Во годината што претстои, во блиска соработка со вас, продолжуваме да продготвуваме нови и подобрени можности за професионална надоградба во различни области во духот на нашиот основен принцип – внимателно одбрано знаење – како и нови, атрактивни дестинации за нашите едукативни семинари.

Останете во тек со најновите содржини на нашата преку нашата фејсбук страна и сајтот на Симпозион.
Ви посакуваме пријатно време во текот на празниците и почеток на многу успешна нова година!