Градење тимски капацитети за Агенцијата за цивилно воздухопловство на РСМ во Струга, Вевчани и Охрид

Архива

Во периодот од 3 до 5 април 2026 година, во организација на Симпозион и со целосна логистичка поддршка од туристичката агенција Travel Today, беше исклучително успешно реализиран тридневен тим-билдинг настан за вработените на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, под насловот „Градење тимски капацитети — стратегии за заеднички раст и развој“.

Богатата и внимателно осмислена програма беше остварена во Струга, Охрид и Вевчани и ги поврза професионалниот развој, дружбата и учењето преку искуство, тимската динамика и културните доживувања во тридневното патување, полно со разни активности и посети.

Централен дел на програмата претставуваа интерактивните работилници и тематските сесии посветени на организациската култура и вредности, тимската соработка и комуникација, како и етиката и управувањето со конфликти. Преку низа практични вежби, групни активности и пленарни дискусии, учесниците имаа можност да ги унапредат комуникациските и организациските вештини, да ја зајакнат меѓусебната доверба и да развијат нови модели на соработка и заедничко решавање предизвици.

Работниот процес беше менториран од водечки тимски лидери и предавачи кои добро ја разбираат материјата и кои преку современ и интерактивен пристап создадоа динамична атмосфера на активно учество, размена на искуства и заедничко учење. Особено позитивен одѕив предизвикаа вежбите приспособени на карактерот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, кои овозможија учесниците на креативен и непосреден начин да ги согледаат сопствените улоги во тимот и значењето на довербата, комуникацијата и организациската култура.

Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена и со тимски активности на отворено, одлични вечерни дружења и многу интересни посети на Вевчани и Охрид. Заедничките прошетки, разговори и неформални средби создадоа дополнителен простор за зближување, меѓусебно поврзување и јакнење на тимскиот дух надвор од секојдневната работна средина.

Целиот настан беше реализиран со внимателно координирана организација, која го опфати целосниот транспорт, хотелското сместување, работните сесии, туристичка програма, професионално водство и логистичка поддршка во текот на сите три дена. Како и секогаш, Симпозион посвети особено внимание на квалитетот на содржините, внимателниот избор на соработници и создавањето атмосфера што ги поврзува професионалното знаење, непосредната квалитетна комуникација и инспиративното искуство на патувањето.

Фотографиите од настанот најдобро ја доловуваат атмосферата на заедништво, динамика и позитивна енергија што ја одбележаа оваа тридневна програма во Струга, Вевчани и Охрид.

▸▸▸▸▸
Професионалната организација и реализација на тим билдинг програми, корпоративни настани, едукативни патувања и специјализирани тимски работилници е една од главните области на Симпозион. Внимателно приспособени на потребите, профилот и целите на секој колектив овие настани водат кон подобрена комуникација, поголема доверба, посилна тимска поврзаност, долгорочен организациски развој и повишени перформанси во тимското функционирање. Прочитајте повеќе за тим-билдинг можностите во организација на Симпозион и Travel Today.

▸▸▸▸▸
Следете ги нашите социјални страници (Facebook, Instagram и LinkedIn) и контактирајте директно со нас за сите професионални прашања и потреби.