Во пресрет на 2022 година

Архива

Почитувани колеги, соработници и корисници на интелектуалните услуги на Симпозион, приближувајќи се кон самиот крај на оваа година, би сакале срдечно да ве поздравиме, да ви ги честитаме минатите постигнувања и претстојните празници и да ви посакаме крепко здравје и многу успеси во идната, 2022 година.

Во годинава што денес завршува, Симпозион оствари многу разновидни и успешни настани од различните услужни гранки на својата дејност, на што сме особено горди. За оние што спаѓаат во групата на едукација и тим билдинг можете да прочитате повеќе во нашата архива, а за плодната соработка на планот на консалтингот и останатите интелектуални услуги им изразуваме благодарност и честитки на нашите редовни и на новите соработници.

Во текот на 2021 г. реализиравме повеќе успешни блокови од едукативни настани, со физичко присуство и во виртуелна средина, во зависност од тековната општа здравствена состојба во земјата, а едукативната сезона ја заокруживме со реализацијата на завчерашната работилница „Нов концепт за јавна набавка на електрична енергија“, која се покажа како исклучително вредна за големиот број слушатели што зедоа учество. На работилницата беше понуден и разработен еден сосема нов и поинаков концепт за изработка на тендерска документација за јавна набавка на електрична енергија во која критериумот за избор на најповолна понуда и останатите услови се креирани на начин кој одговора на моменталната и идната неизвесна состојба на пазарот на електрична енергија.

Имајќи ги предвид одзивот и позитивните реакции на големиот број учесници на сите наши едукативни настани и останати извршени услуги, Симпозион ќе го задржи фокусот на актуелните теми, области и предизвици за кои е потребно експертско советување, насочување и доквалификација, проширувајќи го своето внимание кон нови деловни области и гранки.

Нека 2022 година биде обележана со уште повеќе личен и професионален напредок! Ние остануваме тука за внимателно да го одбереме и пренесеме знаењето што е нужно во постигнувањето напредок. Среќни празници!