Октомври го завршивме со одличниот тон што го зададе почетокот на месецот — со успех и според стручната замисла ја реализиравме стручната работилница посветена на грешките, дилемите и предизвиците во јавните набавки оценети според праксата на ДКЖЈН. Актуелната тема, опфатена од исклучително полезен ракурс, и внимателно подготвените работни содржини, пренесени од најкомпетентна позиција во нашата земја, ги дадоа своите очекувано високи резултати.
Овој пат фокусот го поставивме врз она што го покажува праксата на Државната комисија за жалби по јавни набавки — местата и изворите на најчестите грешки и јасните методи и насоки за тоа како да се избегнат пропустите во јавните набавки. Работата беше практично ориентирана за да биде плодотворно и директно полезно разгледувањето на пропустите што ги прават договорните органи при изготвувањето на тендерската документација, техничките спецификации и обрасците кои се прилог на понудата, како и правилното постапување во текот на жалбената постапка.. Од позиција на долгогодишно експертско и практично искуство беше разјаснето што може да се бодува како квалитет и сите важни аспекти поврзани со поддршката при бодирањето на квалитет.
Посветивме должно внимание и на можноста која ја имаат економските оператори за подобрување на условите за учество во постапките за јавни набавки, давајќи им применливи насоки како правилно да постапат кога користат способност од друг субјект и како ДО да не грешат при евалуација на способноста кога ЕО користат способност од друг субјект. Резултатите од реализираната работилница се јасни и важни за сите учесници — изградено внимание на критичните точки кои треба да се избегнат и знаење за правилно постапување во ризичните делови од постапките за јавни набавки.
Учесниците и на оваа работилница ги оценија високо професионалноста на пристапот, изборот на експертите, применливоста на материјалот и содржинскиот склоп на стручната работилницата на Симпозион. Ние продолжуваме и понатаму да ги одржуваме и повишуваме стандардите на стручна едукација, знаејќи ја важноста на навреме и соодветно стекнатото стручно знаење и искуство во современиот професионален свет.
▸▸▸▸▸
Во тековниот момент, уште само еден ден останува активна можноста да се пријави учество на внимателно подготвената и содржински најбогатата работилница во областа на канцелариското и архивското работење за оваа година.
📍 „НОВАТА ПРАВНА РЕГУЛАТИВА — НОВИ ПРАВИЛА ЗА МОДЕРНИЗИРАНО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ“
(6—7 ноември, Цар Самуил Спа — Банско, Струмица) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
Исклучително актуелната и квалитетна работна агенда целосно, практично и интерактивно ќе ја опфати новата рамка за организирање, водење и спроведување на канцелариското и архивското работење, која се воспоставува со донесувањето на Законот за архивски материјал и архивска дејност и новата Уредба за канцелариско и архивско работење. Истовремено, во завршна фаза на изработка е и новото Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, со кое подетално ќе се разработат постапките и начинот на нивно спроведување.
▸▸▸▸▸
Уште ограничен број места се останати за заинтересираните учесници на трите наши тридневни стручни работилници во Рим:
📍 „Клучните новини во вработувањето, унапредувањето, оценувањето, платите и обуката на административните службеници и другите групи на вработени во јавниот сектор, со осврт на системот на интегритет во јавниот сектор“
(14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
📍 „Попис на средствата и обврските кај буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и јавни претпријатија, усогласување на фактичка и сметководствена состојба за 2026 година и други тековни теми поврзани со финансиско работење и работниот однос“
(14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
📍 „Медицинските сестри — клучен фактор од кој зависи иднината на здравството“
(14—17 ноември, Рим, Италија) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
▸▸▸▸▸
Бидете во тек со нашите идни едукативни настани, следете ги нашите социјални страници (Facebook, Instagram и LinkedIn) и контактирајте со нас за сите професионални прашања и потреби.




