Три дена во Охрид: попис на средствата, обврските и побарувањата

Архива

Во ноември, Симпозион впиша уште еден исклучително успешен и одлично посетен едукативен настан во своето портфолио. Во охридскиот хотел Aqualina, на самиот крај од ноември, беше спроведена тридневната работилница со наслов „Попис на средствата, обврските и побарувањата, усогласување на сметководствената со фактичката состојба, сметководствено евидентирање“.

Работилницата имаше практична цел, која беше постигната во потполност: да се добијат експертски и применливи толкувања, објаснувања и практични насоки – преку работа со примери – за сите аспекти на пописот. Во рамките на повеќе едукативно-работни сесии, на вработените одговорни за спроведување на постапките за попис им беше пренесено концентрирано знаење и искуство, многу потребно за соодветно да се пресретне сериозноста на задачите поврзани со пописите и да се развијат вештини и високо ниво на стручност кај лицата задолжени за попис, кој претставува обемна, сериозна и одговорна работа, која мора да се изврши пред изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи.

Поаѓајќи од фактот дека резултатите од спроведениот попис претставуваат основа за реално прикажување на податоците во финансиските извештаи, а пописниот елаборат е предмет на внатрешна и надворешна ревизија, работилницата им посвети темелно внимание на овие теми. Настанот беше многу интерактивен и поткрепен со богат корпус од илустративни практични материјали, вклучувајќи многубројни примери, прашања, одговори, студии на случај, а сесиите завршуваа со опширни и вредни дискусии на учесниците, кои присуствуваа во голем број. Според сите нив, покриените соджини беа многу вредни и корисни и нивната лична компетентност, како и за работата на нивните институции, претпријатија и фирми во целина. Охридското природно опкружување на најдобар начин го заокружи целото искуство на тридневната работилница.

Позитивните резултати од обуката произлегуваат од повеќегодишната успешна соработка меѓу тимот на Симпозион и м-р Цвета Ристовска, која беше предавач на работилницата и ги водеше дискусиите во рамките на работните сесии. Дел од одличната атмосфера на работилницата пренесува малата фото-галерија од настанот во продолжение.

За да бидете во тек со идните обуки и работилници што ќе ги организира Симпозион, следете го нашиот сајт и нашата Facebook страница. Остануваме посветени на препознавање на Вашите професионални потреби и пренесување внимателно одбрано знаење.