Заокружувајќи ја 2024 година, Симпозион со гордост и сатисфакција споделени со сите свои соработници им се навраќа на клучните настани кои ја обележаа нашата едукативна програма во минатото полугодие. Во првиот дел од годината редовно известувавме за реализираните стручни работилници, обуки и семинари, а најважните настани од есенската сезона ги сумираме во општ преглед за нашите партнери, соработници и следбеници со цел да ја означиме онаа основа врз која се потпира едукативната програма на 2025 година, за која ги даваме првите најави на крајот од оваа објава. Следењето на новостите на Симпозион ви овозможува да сте во тек со најновите, најактуелните и најрелевантните стручни едукативни настани преку кои темелно, интерактивно и фокусирано ви пренесуваме внимателно одбрано знаење, неопходно за современо деловно работење кое дава ефекти, кое ги почитува законите и прописите, кое ги одразува најдобрите професионални практики и кое директно му служи на личниот кариерен развој. Тоа е целта и мисијата на Симпозион, на која ѝ се посветени сите наши капацитети, планови и напори.
Два од најбитните годишни настани кои имаат централно место во нашата ретроспектива се исклучително успешните тридневни стручни семинари во Истанбул во областите Управување со ризици во јавниот сектор и Медицинските сестри во дејство против дијабетесот. Во втората половина на октомври нашата обемна група учесници го посети овој град-мозаик во кој дневно се поврзуваат животите на повеќе од 15 милиони луѓе, единствената светска метропола која лежи на два континента и во која се преплетени традициите на многу народи и цивилизации. Во текот на неколкуте дена од нашиот истанбулски престој, им посветивме внимание на концептите на ризиците во работењето заради нивно соодветно препознавање, управување и надминување претставувајќи низа методологии, алатки и стратегии што сега наоѓаат директна примена во работењето на нашите учесници. Времето во Истанбул клучно го обележа и новата област што на најдобар начин ја воведовме во нашето едукативно портфолио – улогата на медицинските сестри во клучните предизвици на здравствениот систем. Разбирајќи ги сите практични предизвици на оваа работна позиција, ја ставивме во фокус стручната подготовка на медицинските сестри во обезбедувањето висококвалитетна нега и едукација за дијабетесот без разлика на нивната примарна пракса. Семинарот ги пренесе неопходните знаења и насоки за успешно менаџирање со дијабетесот и компликациите кои тој ги предизвикува.
Непосредно по реализацијата на овој исклучително успешен едукативен комплекс, следуваше уште еден прекрасен и богат по своите содржини и учесници локален настан – еднодневната интерактивна обука во Куќа на Мијаците посветена на Канцелариското и архивско работење и правната регулатива. На оваа област Симпозион низ годините традиционално ѝ посветува битно внимание и време, со што стручните лица постојано напредуваат и ги зајакнуваат своите професионални искуства и вештини. Обуката ја реализиравме во првиот ресторан-музеј на македонската мијачка култура во духот на традиционалната мијачка архитектура и кујна, едно од највпечатливите места во еден од најживописните македонски региони со своите впечатливи природни видици и богати културни традиции. Едукативната агенда беше разработена соодветно за да ги пренесе најрелевантните искуства и најактуелните сознанија и упатства заради унапредување на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените и одговорните во стручната област.
Круна на есенската едукативна програма, разбирливо, беше патувањето на нашата група учесници во рамките на две тридневни стручни работилници во божиќна Виена. Крајот на ноември го обележавме со овие два едукативни настани посветени на Важните искуства за клучните предизвици во јавните набавки и Пописот во служба на финансиските извештаи и завршната сметка. Настаните ги подготвивме и реализиравме со максимално внимание на ползата, квалитетот и удобноста на стручната надградба со намера да ги пресретнеме оние очекувања и барања за темите, предизвиците и областите кои директно стигнуваа до нас. Реализираме концентрирана и практична едукативна подготовка под раководство на водечките национални експерти од областите, во идеални работни услови во еден од најживописните и најраскошните европски градови, и тоа во предбожиќниот период, кога австриската престолнина го открива својот уникатен празничен лик. Работната агенда и придружна програма во потполност ги одразија нашите принципи на работа – избор на водечка експертиза, најсовремена методологија и најдобра работна средина.
Успесите од есенската сезона ги потцртавме со уште една успешна дводневна стручна работилница во Стар Дојран, која на почетокот од декември ја посветивме на Пописот како предуслов за објективно и реално изготвување на финансиските извештаи во рамките на завршната сметка. Појдовната точка и целта на овој завршен настан од областа на пописот за тековната година беше подигнување на одговорноста кај вработените стручни и одговорни лица. Работилницата го стави во централен фокус спроведувањето на пописот на средствата, побарувањата и обврските како една од најзначајните фази пред изготвувањето на завршната сметка кај правните субјекти. На практичен и интерактивен начин беше претставени примери за сите елементи од богатата работна агенда на настанот. Целта на едукативната програма и овој пат беше постигната – дадовме силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените во предметната област.
Покрај исцрпната стручна содржина на сите реализирани едукативни настани и внимателно одбраните експерти кои ги водеа стручните сесии, настаните на Симпозион ја пренесоа и додадената вредност на нагласена интерактивна комуникација меѓу учесниците и предавачите. Силен акцент беше ставен на меѓусебната практична размена на упатства, знаења и искуства.
Препознавајќи ги клучните области и предизвици, избирајќи ги темите и локациите на одржување на едукативните настани, подготвувајќи ги агендите и содржините на едукативните настани, нашиот тим ги следеше првенствено Вашите предлози и барања, при што се потрудивме да создадеме одлични едукативни распореди, да обезбедиме најдобри услови за работа, да склучиме соработка со најрелевантните експерти, на најдобар начин да го организираме времето предвидено за стручна едукација и патување, и да подготвиме најквалитетни програми на патување, кои соодветствуваат на профилот на стручните семинари, работилници и обуки. Во сè што правевме се водевме според основниот принцип на нашата работа – внимателно одбрано знаење. Токму затоа бевме исклучително радосни и благодарни за високите оценки со кои нашите колеги, учесниците на нашите настани ги оценија постигнатите резултати и напорите да обезбедиме најдобри можности и да примениме најсоодветен пристап во зададените услови.
Пред крајот на оваа деловна година, би сакале на сите да им се заблагодариме за споделените мислења и осврти за организацијата и содржините на работилницата и целата програма на патувањето. Споделените увиди и коментари ни се од непроценливо значење и – како и секогаш – ги охрабруваме сите и натаму директно да ги споделуваат со нас сите прашања, предлози и укажувања за во иднина да ви обезбедуваме уште поквалитетна услуга и да поставуваме сè повисоки стандарди на стручната едукација на национално ниво.
ШТО ПРЕТСТОИ ВО 2025?
Идната 2025 година ќе биде година со богата едукативна програма врз која веќе активно работиме правејќи важни избори за квалитетно решавање на сите битни аспекти на планираните стручни настани. Со сигурност ви ветуваме интересни, вредни, битни и конкретно полезни програми кои ќе ги оцените високо и на деловен и на личен план. Како мала најава за она што можете да го очекувате на самиот почеток, ве покануваме да се подготвите за две стручни работилници во февруари во следниве области: 1) Завршна сметка и 2) Јавни набавки – што не очекува во 2025 година. Очекувајте повеќе информации наскоро, а ние ќе ги очекуваме вашите рани пријави со кои ќе се осигура вашето место за учество!
Останете редовно во тек со нашите идни едукативни настани, следете ја нашата социјална страница и контактирајте со нас за сите професионални прашања и потреби. Во продолжение споделуваме мал фото-преглед на клучните едукативни настани од минатата сезона.
▸▸▸▸▸
Тридневни стручни семинари во Истанбул (18—21 октомври | Управување со ризици во јавниот сектор | Медицинските сестри во дејство против дијабетесот)
▸▸▸▸▸
Еднодневната интерактивна обука во Куќа на Мијаците (29 октомври | Канцелариското и архивско работење и правната регулатива: познавање, почитување и практикување)
▸▸▸▸▸
Тридневни стручни работилници во божиќна Виена (25—28 ноември | Важни искуства за клучните предизвици во јавните набавки | Пописот во служба на финансиските извештаи и завршната сметка)
▸▸▸▸▸
Дводневна стручна работилница (2—3 декември | Критериуми за утврдување способност vs критериуми за избор на најповолна понуда)