Се ближиме кон крајот на ноември и кон реализацијата на уште една исклучително важна стручна работилница уверено и задоволно — бидејќи нашите долги подготовки и тимски напори резултираа со три извонредни работилници, реализирани во рамките на исклучително квалитетна тридневна програма во Рим, барана и очекувана од многу наши колеги.
Симпозион низ целата прва деценија на своето постоење им посветува континуирано внимание на оние области на кои решава да им се посвети професионално — не штедејќи ги сите свои капацитети и избирајќи ги најкомпетентните лица, извори и инстанции, како и најдобрите методи и услови за знаењето, кое е внимателно одбрано, да биде успешно пренесено и практично применето заради постигнување видливи резултати во натамошното работење. Три области на кои долги години им посветуваме блиско внимание и во кои секојпат ги повишуваме стандардите на едукација се оние на јавната администрација и јавниот сектор; пописот и финансиското работење; и медицински сестри и секторот на здравството. Во овие три области, поврзувајќи квалитетен круг соработници од областите и водечки експерти во секој посебен домен, реализиравме три работилници со обединета програма на патување во средината на овој месец.
Пренесените знаења, подготовката на целокупниот стручен настан и квалитетните содржини на патувањето, заедно со постојаната поддршка и координација на сите учесници од страна на тимот на Симпозион, понесоа повторно највисоки оценки, пофалби и коментари кои вистински мотивираат да се продолжи во мисијата. Мисијата постојано да се повишуваат стандардите на стручната едукација и доедукација во Македонија, за сите физички и правни лица, за сите претставници на деловниот, јавниот, стручниот и граѓанскиот свет.
За успехот и впечатоците на реализираните ноемвриски работилници говорат дури и јавно споделените коментари од страна на дел од учесниците. Внимателно осмислената римска програма на патувањето, пак, овозможи учесниците да го доживеат Рим во целата негова убавина. Подготвени од страна на Травел Тудеј, прошетките и богато организираните посети на живописните градски локации, славните музеи и знаменитости го потцртаа искуството на патувањето со историската димензија на овој преубав град со неговото древно, ренесансно и современо лице. Неспоредливата римска атмосфера, која успеавме да ја пренесеме со културните содржини, внесе дополнителна вредност во патувањето и остави јасен впечаток кај сите учесници.
ШТО ПРЕТСТОИ?
▸▸▸▸▸
Движејќи се со јасен курс и потврден квалитет кон завршницата на тековната едукативна сезона, на нашата агенда во декември претстојат уште два исклучителни едукативни настани, на чии стручни подготовки им посветивме максимално за да имаме висока концентрација на внимателно одбрано знаење и одлични услови на реализација на програмата. Во тековен фокус и со отворена можност за пријавување се следниве две работилници на Симпозион:
📍 „НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ“ (4—5 декември, Цар Самуил Спа, Банско) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
Главните теми на овој стручен есенски настан се клучните закони за администрација — Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, со акцент на најновите измени и дополнувања усвоени од страна на Собранието во октомври 2026 година. Со фокусот на овие важни теми и содржини ја продолжуваме посветеноста на човечките ресурси, јавниот сектор и административните службеници. Особена додадена вредност на работилница носи освртот кон Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници и приближувањето на концептот на интегритет во јавниот сектор — тема која станува сè поактуелна, особено во контекст на спречувањето на корупцијата и унапредувањето на етичкото однесување, како предуслов за доброто владеење
📍 „ЈАВНИ НАБАВКИ: НАЈАВЕНИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ И ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА КРИТЕРИУМОТ НАЈДОБАР ОДНОС ПОМЕЃУ ЦЕНАТА И КВАЛИТЕТОТ“ (11—12 декември, Гевгелија—Солун) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«
Главниот фокус на работилницата е поставен врз јасното, применливо и сеопфатно запознавање со најавените законски измени во јавните набавки и унапредувањето на вештините за примена на критериумот „најдобар однос помеѓу цената и квалитетот“. Учесниците од редот на економските оператори и договорните органи ќе понесат низа важни придобивки од најактуелните законски и системски новини. Преку практични примери, студија на случај и активна дискусија, ќе научат како појасно и ефикасно да ги дефинираат критериумите и доследно да ги евалуираат понудите — со знаења и упатства употребливи во секојдневната работа. Стручните содржини, дискусиите и вежбите ќе ви помогнат да подготвувате поконкурентни понуди — со подобро разбирање како се вреднува квалитетот покрај цената. Ќе добиете објаснување како да ги насочите понудите кон најважните критериуми и појасно да го прикажете и докажете понудениот квалитет со мерливи карактеристики и соодветни докази.
▸▸▸▸▸
Во продолжение следува мала фото-галерија од реализираните работилници и патувањето во Рим, како кратко навраќање на постигнатите успеси. Тимот на Симпозион и останува секогаш во целост посветен на вашите професионални потреби, пренесувајќи внимателно одбрано и применливо знаење и соработувајќи со најдокажаните и водечки експерти во земјата за да одговори на актуелните предизвици во работењето.
Бидете во тек со нашите идни едукативни настани, следете ги нашите социјални страници (Facebook, Instagram и LinkedIn) и контактирајте со нас за сите професионални прашања и потреби.






















