Јавни набавки: најавени законски измени и практична примена на критериумот цена-квалитет | 11—12 декември во Гевгелија

Едукација

Во периодот на многуте новини и тековни промени во системот на јавните набавки на национално ниво, ја организираме бараната од многумина стручна работилница со максимално актуелна тема: „Јавни набавки: најавени законски измени и практична примена на критериумот најдобар однос помеѓу цената и квалитетот“. Со дводневна програма, овој важен стручен настан ќе го реализираме на 11—12 декември во „Paint It Black Hotel & Spa“ — Гевгелија (со посета на Солун). Официјалниот повик за учество е сега отворен, заедно со можноста за пријавување учество.

Главниот фокус на работилницата е поставен врз јасното, применливо и сеопфатно запознавање со најавените законски измени во јавните набавки и унапредувањето на вештините за примена на критериумот „најдобар однос помеѓу цената и квалитетот“. Преку практични примери, студија на случај и активна дискусија, учесниците ќе научат како појасно да ги дефинираат критериумите и доследно да ги еваулирате понудите — со знаења и упатства употребливи во секојдневната работа.

Сеопфатно ќе ги тематизираме новините и нивното практично влијание врз јавните набавки. Ќе пренесеме корисни примери на добра пракса во примената на најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот и ќе претставиме примери како и зошто овој критериум не треба да се користи. Сите присутни ќе добијат студија на случај за да ги видат нагледно резултатите од примената и да ги проверат директно вештините за правилна употреба на дадениот критериум во секојдневното спроведување на јавните набавки, кон кој ќе има сè поголема тенденција во иднината на јавните набавки. Учесниците од редот на економските оператори и договорните органи ќе понесат многу важни придобивки, кои се прегледани во поканата за учество.

Учеството ќе овозможи полесно подготвување на тендерската документација со знаење како јасно да се дефинираат критериумите и поткритериумите. Ќе научите како да подготвите детална методологија за доследно да ги оценувате понудите според однапред утврдените правила. Директно ќе вежбате појасно да го образложувате изборот на понуда со најдобар однос помеѓу цената и квалитетот. Стручните содржини, дискусиите и вежбите ќе ви помогнат да подготвувате поконкурентни понуди — со подобро разбирање како се вреднува квалитетот покрај цената. Ќе добиете објаснување како да ги насочите понудите кон најважните критериуми и појасно да го прикажете и докажете понудениот квалитет со мерливи карактеристики и соодветни докази. Избегнувањето на нејаснотиите при подготовката на понудите и подоброто разбирање на резултатите од евалуацијата преку практични примери и споредба на моделите за оценување ќе бидат директен резултат на Вашето учество на работилницата.

Повеќе за содржините и работните сесии можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

Ги очекуваме Вашите пријави и високо ја цениме нашата стручна соработка!

▸▸▸▸▸
ОСТАНАТИ ТЕКОВНО ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ НА СИМПОЗИОН

„Новини во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници“ (4—5 декември, Цар Самуил Спа, Банско) | »Покана и Агенда« | »Пријавен лист«