Како да инвестирате во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија?

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на интерактивната работилница на тема: Како да инвестирате во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија?, која ќе се одржи на 12 ноември (сабота) во винаријата „Royal Winery Queen Maria“.

Во времиња на енергетска криза со екстремно високи цени на електричната енергија на сите берзи низ Европа се поставува прашањето како да се постапи за справувањето со кризата да биде полесно. Досегашните технолошки решенија укажуваат на тоа дека најевтина енергија е онаа која самите може да ја произведеме или онаа енергија која нема да биде потрошена, туку ќе биде заштедена. Работилницата ќе ви понуди можност да се запознаете со можностите и постапките при инвестирањето во обновливи извори на енергија, но и патоказ за процедурите низ кои произведената електрична енергија ќе ја користите за сопствени потреби и/или ќе ја продавате на пазарот.

На работилницата ќе имате можност да се запознаете со најновите законски измени при инвестирањето во обновливи извори на енергија кои во моментов се во собраниска процедура. Ќе добиете одговор на прашањата,  како да почнете, што треба најпрво да направите за да инвестирате во обновливи извори на енергија. Кои се следните чекори кои треба да ги преземете за да ја отпочнете и завршите изградбата на една електроцентрала за производство на електрична енергија од обновливи извори. Ќе добиете одговор на прашањето кој може да ја продава, а кој може да ја предава електричната енергија на својот снабдувач.

Наша цел со оваа работилница е ваша поголема информираност, сигурност и успешност при можното инвестирање во обновливите извори на енергија.

Работилницата е наменета за претставници на јавни институции на државно и локално ниво, претпријатија во државна сопственост и јавни претпријатија, приватни компании, граѓански организации и други правни лица кои согласно измените на законот ќе можат да инвестираат во обновливи извори на енергија. Исто така, замислена е да биде од интерес за сите правни и физички лица кои имаат можност  и потреба да инвестираат во ОИЕ.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате со клик на документите »ПОКАНА« и »АГЕНДА«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.