Во грижата да одговори на најважните теми и предизвици во стручното работење, Симпозион секогаш ја открива и обезбедува најкомпетентната експертиза и ја преточува во едукативна агенда со сеопфатен, практичен и интерактивен карактер. Така е и со стручната работилница „Пожари, повреди при работа и професионални заболувања на работните места — правилно постапување и соодветна заштита“, која ќе ја организираме на 21 мај (среда) во удобните услови на „Park Hotel & Spa“ во Скопје.
Работилницата ќе ги постави во фокус одговорноста, законските обврски, планските документи, инспекциски надзори и реалната примена или непримена на мерките за безбедност, заштита и безбедност при работа. Повикот за учество и можноста за пријавување се сега отворени.
Учесниците на работилницата ќе стекнат јасна претстава за потребите и обврските за заштита од пожари, за безбедност и здравје при работа на државните институции, јавните претпријатија и приватниот сектор. Работилницата ќе биде спроведена во интерактивен формат, преку обработка на практични примери за сите дилеми и предизвици поврзани со тематската материја. Преку дискусија со учесниците за опфатените теми, ќе се даде можноста да се отворат, разгледаат и одговорат прашања од директната практика, да се презентираат предизвици со кои се соочиле во работењето, како и конкретни проблеми, за кои ќе добијат полезни и применливи насоки и мислења.
Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се директорите, раководителите и одговорните лица во јавните институции и во приватниот сектор, стручните лица за безбедност при работа вработени кај различните работодавачи и кај овластени правни лица, како и сите вработени од останатите организациони единици кај јавните и приватните субјекти кои имаат потреба од надградба на своите знаења во делот на системот за заштита и спасување, како и безбедност и здравје при работа, што е исклучително важен составен дел кај сите работодавачи, но и во секојдневното живеење.
Повеќе за еднодневната стручна работилница во Скопје можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk. Остануваме во редовна служба на вашиот професионален раст и развој!
▸▸▸▸▸
Останати тековно отворени повици во едукативната програма на СИМПОЗИОН:Тридневна стручна работилница
„ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ, РЕАЛИЗАЦИЈА, СЛЕДЕЊЕ И ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ“ (12—15 мај, БУДИМПЕШТА)Тридневна стручна работилница
„ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ“ (12—15 мај, БУДИМПЕШТА)