На прагот на 2023

Архива

Почитувани и драги колеги, само уште неколку денови или, поскоро, часови н’е делат од 2023. Отпоздравувајќи се со 2022 година, сакаме срдечно да Ве поздравиме, да Ви ги честитаме овогодишните постигнувања и претстојните празници и да Ви посакаме планина здравје, успех и среќа во идната, 2023 година.

Во годинава чијашто врата полкеа се затвора, Симпозион успеа да реализира низа квалитетни настани од различните услужни гранки на својата дејност, на што сме особено горди. За оние што спаѓаат во групата на едукација и тим билдинг можете да прочитате повеќе во нашата архива, а за плодната соработка на планот на консалтингот и останатите интелектуални услуги им изразуваме благодарност и честитки на нашите соработници.

Едно од нашите најважни постигнувања во овогодишната работа беше создавањето на туристичката гранка Travel Today, која обезбедува најдобри услови за реализација за нашите повеќедневни обуки, работилници и семинари.

Се надеваме дека годината што н’е чека преку прагот ќе биде пребогата со успеси и позитивни изненадувања во Вашиот личен и деловен живот. Посакуваме пријатни празници и среќни насмевки во вашите домови!

Ние остануваме тука за да Ви дадеме стручна насока, одговорна поддршка и најдобри решенија во Вашите професионлни дејности.