Канцелариско и архивско работење

Книги

Книгата „Канцелариско и архивско работење“ на доц. д-р Ацо Ангеловски, во издание на Симпозион, е достапна за набавување. Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на архивскиот и документарниот материјал, ползувајќи се со професионалното и академското знаење на авторот, како и неговото долгогодишно искуство од областа. На повеќе од 200 страници, направен е темелен преглед на сите фази во архивската работа, а споделени се и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал. Ова издание е жива адреса на која може да се упатуваат сите прашања и недоумици поврзани со проблематиката на канцелариското и архивското работење. Книгата е усовршена со вештиот дизајн и техничка обработка на Cherry Cannon, што ја прави дополнително практична за користење. Достапна е за набавување по цена од 2.290,00 денари.

Учесниците на обуките во организација на Симпозион добиваат попуст од 10% на редовната цена на книгата, со што имате можност за само 2.061 МКД + 5% ДДВ да го имате ова ретко издание кое активно ќе го користите низ секојдневното работење.

Ве молиме пополнетиот образец за нарачка на книгата Канцелариско и архивско работење да го испратите на: info@simpozion.mk, по што книгата ќе ви биде испорачана на адресата наведена во Образецот за нарачка.