Пред нас е значајниот „Практичен водич низ јавните набавки“ — второ, изменето и дополнето издание, веќе достапно за нарачка. Наситен со изобилство квалитетни и корисни информации за јавните набавки, овој водич во авторство на Рита Глигоријевска, Марија Јованоска, Александар Аргировски и Горан Давидовски е вистинска неопходност за сите кои активно се занимаваат со јавните набавки или имаат редовен контакт со нив, во својство на економски оператори, договорни органи или стручни лица.
Новото издание е значително надградено и темелно збогатено со:
✔ Нови и ажурирани прашања и одговори
✔ Измени и дополнувања на коментарите на одредбите од законот
✔ Насоки за користење на критериумот економски најповолна понуда
✔ Матрица на критериуми и услови за утврдување на способност
✔ Јавна набавка на иновативни и одржливи решенија
Убедени сме овој сеопфатен водич постојано ќе ви служи како алатка што на најдиректен начин ја олеснува примената на Законот за јавни набавки и ќе ви биде солидна основа да добиете практични упатства, толкувања и одговори на бројни прашања што ви создаваат одредени дилеми или недоумици.
Водичот е напишан на едноставен јазик, со цел да даде јасен приказ на правилата и на најдобрите практики поврзани со различните фази од процесот на набавка, и тоа: од планирање, изработка на тендерска документација и техничка спецификација, евалуација и избор на најповолна понуда, доделување договор за јавна набавка, сè до фазата на управување со договорот. На неколку стотици страници се опфатени коментари и препораки за примена на одредбите од законот, одговори на прашањата и дилемите со кои договорни органи и економски оператори се сретнале во досегашната практика, детални инструкции за користење на Електронскиот систем за јавни набавки, со слики и упатства кои се лесно читливи и кои ќе им бидат полезни и на почетниците во оваа област.
Ги охрабруваме сите директно или индиректно инволвирани во јавните набавки да го набават овој практичен водич, кој е дизајниран за да послужи како алатка за практичарите и како општ референтен документ за понудувачите.
Со оглед на фактот дека јавните набавки претставуваат инструмент преку кој се остваруваат одредени општествени цели, овој практичен водич бездруго ќе биде од интерес и за академската јавност, за невладиниот сектор, кој будно ја следи состојбата на јавните прашања, како и за сите стручни лица чие работење е во допир со јавните набавки.
Репутацијата и професионалниот капитал на авторите се несомнена гаранција за високата полезност на оваа книга, но првите реакции и пројавениот интерес се сигнал дека ова ново, изменето и дополнето издание е очекувано како вистински потребен придружник низ активната работа и во сите сегменти на јавните набавки.
Ве молиме пополнетиот образец за нарачка на второто, изменето и дополнето издание на „Практичниот водич низ јавните набавки“ да го испратите на: info@simpozion.mk, по што книгата ќе ви биде испорачана на адресата наведена од ваша страна.