Канцелариското и архивско работење и правната регулатива: познавање, почитување и практикување | 29 октомври | Куќа на Мијаците

Едукација

Симпозион низ годините посветува редовно и значително внимание на областа на канцелариското и архивското работење. Во пресрет на Вашите барања внимателно ја подготвивме претстојната еднодневната интерактивна обука „Канцелариското и архивско работење и правната регулатива: познавање, почитување и практикување“, која на 29 октомври 2024 ќе ја реализираме во Куќата на Мијаците“, првиот ресторан-музеј на македонската мијачка култура во духот на традиционалната мијачка архитектура и кујна. Едукативната агенда ја разработивме со цел да ги пренесеме најрелевантните искуства и најактуелните сознанија и упатства заради унапредување на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во предметната област. Ги очекуваме Вашите пријави.

ВО ФОКУС: ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНО КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

Обуката темелно ќе се сосредоточи врз правната регулатива — условите, причините и последиците — од значење за архивската дејност и на нејзината практична страна. Долгогодишното искуство на д-р Ацо Ангеловски, експертот под чие менторство ќе се одвива обуката, ќе биде насочено кон примената на законските и подзаконските акти, односно на нивниот теоретски и практичен аспект во канцелариското и архивското работење. Подробно ќе бидат разработени правата и обврските на имателите, како и надлежноста на архивите, која е регулирана со Законот за архивскиот материјал и со подзаконските акти. Недоследностите, грешките и пропустите во работењето на имателите ќе бидат пресретнати со применливи решенија за нивно надминување.

Повеќе за еднодневната стручна интерактивна обука можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: КУЌА НА МИЈАЦИТЕ

Работната средина на претстојната октомвриска обука ќе ни ја даде едно од највпечатливите места и еден од најживописните македонски региони со своите впечатливи природни видици и богати културни традиции. „Куќата на Мијаците“ е првиот ресторан етно-музеј на македонската мијачка култура на патот кон Бигорскиот Манастир, покрај реката Радика. Дневната програма на обуката опфаќа искусување на мијачките вкусови — појадок „Пита сарајлија“ и ручек „Тајната на Мијаците“ — и посета на Бигорскиот Манастир, каде што учесниците дополнително ќе се запознаат со неговата историја и со денешниот манастирски живот.

Учеството на стручниот едукативен настан вклучува превоз до предвидените локации со туристички пратител, традиционален појадок и ручек во „Куќата на Мијаците“, организирана посета на Бигорскиот манастир, освежување, кафе и вода на паузите, сертификат за учество и работен материјал од обуката, како и континуирана непосредна комуникација со предавачот за надминување на тековните прашања и дилеми од стручната практика.

ПРОМОТИВНА МОЖНОСТ: НАБАВКА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА КНИГА

Учесниците на обуката ќе имаат можност да ја набават книгата „Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски, по промотивна цена од 1.500,00 денари. Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на документарниот и архивскиот материјал, со темелен преглед на сите фази во работата со архивскиот материјал и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал.

ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА: СЛЕДЕТЕ ГИ ТЕКОВНИТЕ ОБЈАВИ НА СИМПОЗИОН

Актуелните повици за учество и информациите за едукативната програма редовно се објавуваат на нашите канали – следете ги веб страницата и нашата социјална страница за да бидете во тек. За сите дополнителни прашања и барање, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.