По неодамнешната најава на предметните области на трите работилници кои во мај и јуни Симпозион ќе ги реализира во Виена и во одговор на пројавениот интерес за содржините на стручните едукативни настани, започнуваме со објава на конкретните работни програми кои ги подготвивме внимателно разгледувајќи ги Вашите интереси, потреби и предизвици.
Во периодот од 11–14 мај во Виена, Австрија, ќе биде реализирана тридневната стручна работилница „Корисни укажувања за надминување на потенцијалните пропусти и грешки во планирањето и спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на договорите за ЈН“. Работилницата е соодветно осмислена за да обезбеди стручна подготовка за квалитетна, успешна и правилна работа на одговорните лица и практичарите во областа на јавните набавки.
Работната агенда ќе обезбеди темелна размена на знаења, искуства и вештини за практична примена на законската и подзаконската регулатива неопходна за правилно и законито функционирање во областа на јавните набавки, во делот на планирањето на јавните набавки и спроведувањето на постапките за јавни набавки, следење на реализацијата и управување со договорите за набавки, најчестите недоследности и грешки, со соодветно разработени предлози и препораки како да се надминат. Главните засегнати лица и групи што имаат директен интерес за учество во оваа практична работилница се претставниците на договорните органи и економските оператори, како и лицата кои сакаат професионално да се занимаваат со јавни набавки.
Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 20 март, исто така, предвиден е попуст од 5% на целиот аранжман и котизацијата за учество. За пријавени 3 и повеќе лица од иста институција следува дополнителен попуст од 5% на котизацијата за учество.
Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
Детално разработената програма на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот и деталниот преглед на местата на посета во Виена, како и информациите за експертите кои ќе ја реализираат предвидената стручна агенда, ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе се обратат до нас или ќе испратат барање.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.
Симпозион не отстапува од својата мисија во стручната едукација – да го понуди највнимателно одбраното знаење и искуство, обезбедувајќи ги притоа најдобрите локации и услови за остварување на едукативните програми. Само при идеалниот спој на овие две страни на едукацијата ги заклучуваме нашите планови за реализација и објавуваме покана за учество на засегнатите лица и групи.