Три виенски работилници на Симпозион во мај и јуни

Едукација

Симпозион ги посвети минатите неколку месеци за да организира посебен едукативен блок во мај и јуни кој во потполност ги одразува нашите воспоставени принципи на работа: 1) врвна експертиза во преносот на стручни знаења и искуства, 2) најдобри работни услови во едукативните настани и услугите што ги нудиме и 3) одговорна и будна деловна етика, која ги пресретнува вашите потребите и ги следи актуелните настани, измени и тенденции во деловното работење.

Врз оваа база на нашето работење се потпира планот за трите работилници на претстојната агенда на Симпозион, кои ќе се одржат во текот на мај и јуни во една од највпечатливите и најбогатите светски престолнини, Виена.

Овој исчекор го правиме во пресрет на вашите изразени интереси и на актуелните потреби за конкретни знаења, упатства и практични искуства. Разработивме богата и исклучително квалитетна програма на патување, придружена со сеопфатна стручна агенда за секоја од трите претстојни работилници, чии области и соодветни термини на одржување ги најавуваме со задоволство:

11-14 мај – ЈАВНИ НАБАВКИ

1-4 јуни – ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 

1-4 јуни – ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

Едукативните програми што ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во трите стручни области. Аранжманот за трите едукативни настани опфаќа три ноќевања и четири полни денови во престолнината на Австрија, со посета на многустраното културно наследство и богатствата на современиот живот на овој раскошен европски град. Покрај високиот квалитет на обезбедените услови за реализација на едукативната програма, создадовме програма на патување која ја претставува Виена во најдобрата можна светлина.

Следете нè за наскоро да се запознаете со деталите за овие три работилници: начинот на пријавување, промотивните пакети за рано пријавување, деталната тематска агенда на работилниците, составот на предавачите, програмата за патување, како и богатата содржина на предвидениот пакет аранжман.

Ни претстојат месеци полни со уникатни глетки и доживувања!
И најважното во работата на Симпозион – внимателно одбрано знаење.