Драги колеги, најавуваме дека во пресрет на вашите активни барања и поради големиот интерес за темата, на 26 февруари ќе реализираме еднодневна работилница во Скопје на која ќе имате можност да се запознаете измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки (Службен весник на РСМ бр.14/2025). Со учеството имате можност да бидете први што ќе добијат увид во овие важни новости и да бидете упатени во клучните предизвици кои престојат во областа на набавките во 2025 година. Акцентот ќе биде ставен на следниве клучни теми:
- Кои се новите надлежности на Бирото за јавни набавки?
- Што значи новата административна проверка на тендерската документација која е замена за управната контрола?
- Дали и кај набавката од мала вредност ќе треба да се проверува постоењето на негативна референца?
- Како ќе треба да се постапи доколку во поедноставена отворена постапка економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна не ги достави документите за утврдување способност во определениот рок?
- На кој начин се доуредува еден од незадолжителните услови за исклучување од постапката?
- При проверка на документацијата и при евалуација на понудите, што и како ќе треба да направи комисијата?
- Кои се новите основи за поништување на постапката?
- Кои се новите ограничувања за користење на е-аукцијата?
- Кои се новините во правната заштита?
2025 година е година што носи многу новини во областа на јавните набавки, кои ќе бидат нагласено динамични и под силно влијание на технолошкиот напредок и геополитичките промени. И токму овие новини ќе ги ставиме во централен фокус на претстојаната работилницата.
Бидете во тек со нашите следни објави за да ја искористите можноста за пријавување и учество на најавената работилница.
Време и место на одржување: 26 февруари 2025 (среда) во „Park Hotel & Spa“ – Скопје.
Резервирајте го датумот за внимателно одбрано знаење.
—
Подетални информации на нашата официјална електронска адреса info@simpozion.mk и на нашиот контакт број: 078 271 576.

