Пред нас е новата 2025 година која неизбежно носи нови предизвици, нови задачи, нови околности и нови можности за професионалниот развој и успех, на личен и на корпоративен, односно институционален план. Симпозион подготвено оди во пресрет на сите овие новости постојано и максимално посветувајќи се на преносот на внимателно одбрано знаење кон вас. За да одговориме на вашите проверени очекувања и директни барања за темите, предизвиците и областите каде што ви е неопходна концентрирана, практична и експертска подготовка, во претстојната едукативна сезона како централни зацртавме две стручни работилници во областа на 1) завршната сметка и 2) јавните набавки.
Во периодот од 5 до 7 февруари во Белград следуваат две дводневни работилници, за кои повикот за учество и поволностите за рано пријавување се сега официјално отворени. Материјалите за пријава на учество и краток опис на февруарските работилници следуваат во продолжение. Работната агенда и придружната програма во потполност ги одразуваат нашите основни деловни принципи – избор на водечка експертиза, најсовремена методологија и најдобра работна средина.
▸▸▸▸▸
„ПОДГОТВИТЕЛНИ И ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ ПРЕД ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ НА ЗАВРШНАТА СМЕТКА“
Стручната агенда на тридневната работилница е примарно насочена кон соодветното извршување на Завршната / Годишната сметка, како законска обврска за одговорните сметководители и финансиските работници која треба да претставува реален и објективен отчет на трансакциите кои се случиле и кои се евидентирани во сметководствената евиденција. Овој процес мора да биде усогласен со законската регулатива – меѓународните сметководствени стандарди, односно меѓународните стандарди за финансиско известување – со пропишаните принципи и начела за сметководствените системи кои ги применуваат државните органи и единиците на локалната самоуправа, односно трговските друштва и јавните претпријатија, како и непрофитните организации. Работилницата централно ќе се осврне и на Законот за извршување на буџетот на РСМ за 2025 година, кој ги има пропишано правата и ограничувањата во делот на надоместоците кои припаѓаат на функционерите и вработените во државните органи за идната година. Според тоа, стручната агенда е неопходна и за одговорните работодавачи кои мора да бидат соодветно информирани и упатени во законската регулатива, новините и обврските кои произлегуваат од истите.
Работните блокови концентрираат експертска едукација, практичен пристап и интерактивна дискусија и се целосно насочени кон подигнување на одговорноста и стручноста на одговорните работодавачи, раководителите на секторите и одделенијата, финансиските работници и сметководителите, задолжени за подготвување на завршната/годишната сметка. Според тоа, овие лица, ентитети и одделенија/сектори имаат директен интерес за учество во претстојниот практичен едукативен настан.
Повеќе за дводневната февруарска работилница во Белград можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
▸▸▸▸▸
„ЈАВНИ НАБАВКИ — ШТО НÈ ОЧЕКУВА ВО 2025 ГОДИНА“
Претстојната стручна работилницата го става во централен фокус она што го носи во областа на јавните набавки 2025 година. Јавните набавки во новата година ќе бидат динамични, под влијание на технолошкиот напредок и геополитичките промени. 2025 година ќе донесе пресвртница во стратегиите за набавки, со промена на фокусот од традиционалното намалување на трошоците кон создавање стратегиски вредности и кон фокус врз одржливоста. Учеството на работилницата ќе ви овозможи соодветно да се информирате и да бидете подготвени за најновите трендови во јавните набавки, како и за она што ќе треба да го имате предвид и да го примените при спроведување на постапките за јавни набавки. Работилницата ќе се посвети особено внимание на досегашните искуства од примената на електронската аукција, примената на пристапот на најдобриот сооднос меѓу цената и квалитетот, и што е она што нè очекува во иднина во овие елементи, со низа практични примери. Воедно, ќе навлеземе во предностите од спроведување на набавките од мала вредност преку е-пазарот и она што ни претстои во однос на е-пазарот. Покрај одличната можност на обуката директно да се запознаете со новините што нè очекуваат и кои ќе треба да ги применувате при спроведувањето на јавните набавки во 2025 година, ќе бидете први што ќе добијат увид во измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, кои се усвоени од Собранието на РСМ и веќе објавени во (Службен весник на РСМ бр.14/2025).
Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во оваа практична стручна работилница се договорните органи и економските оператори, лицата кои сакаат професионално да се занимаваат со јавни набавки и кои од различен аспект се поврзани со јавните набавки. Директно засегнати се службениците од државните и локалните власти и другите јавни тела кои мора да бидат во чекор со политиката и практиката во системот на јавните набавки, и особено за стручните лица и ентитети се активни во оваа област, како економските оператори, адвокатите, и другите службеници кои од аспект на својата надлежност ги следат јавните набавки.
Повеќе за дводневната февруарска работилница во Белград можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
Учесниците на работилницата имаат дополнителна можност за набавување на второто, дополнето и изменето издание на „Практичниот водич низ јавните набавки“, најактуелната и најрелевантна практична литература во авторство на водечките експерти во областа на набавките. Образецот за нарачка на книгата е достапен за преземање, заедно со повеќе информации за богатите и сеопфатни содржини. Учесниците кои ќе го нарачаат изданието ќе имаат можност да го преземат својот примерок на самата работилница.
▸▸▸▸▸
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ: БЕЛГРАД, ЦЕНТРАЛНА ПРОМЕНАДА
Работната средина на двата едукативни настани кои главно ја обележуваат новата едукативна сезона на Симпозион во 2025 година ќе ни ја даде Белград и тоа во со својот најубав дел – централната белградска променада, улицата Кнез Михајлова. Го одбравме специфично ова место за да ѝ дадеме најпријатна атмосфера на едукативната агенда. Соодветната програма на патување, која внимателно ја подготвивме како квалитетна придружба на едукативниот настан подразбира сместување во извонредниот Lumière Hotel 4*. Повеќе информации за програмата на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот ќе бидат доставени до заинтересираните учесници кои ќе испратат барање на нашата официјална електронска адреса info@simpozion.mk или преку нашиот контакт број: 078 271 576.
Двете февруарски работилници ги разработуваме со внимание на најрелевантните искуства и најактуелните сознанија и упатства во предметните области, составувајќи сеопфатна агенда придружена со квалитетна програма на патување. Едукативните програми ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во двете стручни области. Ги очекуваме Вашите пријави.
▸▸▸▸▸
Актуелните повици за учество и информациите за едукативната програма редовно се објавуваат на нашите канали – следете ги веб страницата и нашата социјална страница за да бидете во тек. За сите дополнителни прашања и барање, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса. Нашата одговорна и будна деловна етика редовно ги следи актуелните настани, измени и тенденции во деловното работење и ги пресретнува Вашите стручни и деловни потреби. Остануваме во лојална служба на Вашиот професионален раст и развој.