Новини во законот за архивски материјал и архивска дејност — можности и перспективи | септември во Скопје и октомври во Дојран

Едукација

Нашите долготрајни и посветени подготовки на квалитетна работна агенда која во целост и на најкомпетентен настан ќе ги опфати законските новини во областа на канцелариското и архивското работење и нивните ефекти сега резултираат со објава на две работилници со еднаква тема „Новини во законот за архивски материјал и архивска дејност — можности и перспективи“, кои ќе ги реализираме во Скопје на 24 септември (еднодневна програма) и во Стар Дојран во периодот 3—4 октомври (дводневна програма). Сега го објавуваме официјалниот повик за учество и ја отвораме можноста за пријавување (Скопје / Стар Дојран).

ВО ФОКУС: НОВИОТ ЗАКОН ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И АРХИВСКА ДЕЈНОСТ

Новиот закон на попрегледен и посистематизиран начин ја разработува материјата која е предмет на негово регулирање и носи низа новини поврзани со Планот и листите на архивски знаци, обврските кон Државниот архив и роковите за одговор, тенденцијата целиот процес на канцелариското и архивското работење да се води по електронски пат — низа исклучително важни теми кои ќе бидат предмет на подробна разработка во рамките на четири, внимателно разработени едукативни сесии. Покрај бришењето на некои одредби, воведувањето нови обврски, промената и надополнувањето на дефиниции, поими и начела, новиот Закон предвидува воспоставување и водење повеќе регистри на: архивски фондови и збирки, иматели на архивски и документарен материјал, информациски системи итн. Одредени се рокови за доставување на планови и листи на архивски знаци на новоформирани иматели, како и рокови за евентуално вршење промени во плановите и листите. Законот наедно носи нови правила за уништување на документарен материјал со изминат рок за уништување. Со новите прописи, дејноста на Архивот се проширува и се формираат повеќе системи. Значајна новина е и поделбата на иматели на приватен архивски и документарен материјал, заедно со критериумите за оваа поделба, водењето регистар и нивните обврски. Законот утврдува и обврска за формирање организациона единица за водење на канцелариското и архивското работење.

ВАЖНИ АСПЕКТИ: ЗАСЕГНАТИ УЧЕСНИЦИ И ФОРМАТ НА РАБОТИЛНИЦАТА

Планираните теми за детална разработка и дискусија во рамките на интерактивната работилница ја прават оваа внимателно разработена тема важна за сите вработени и стручни лица кои работат во архивите и писарниците, особено раководителите — како кај имателите на јавниот архивски и документарен материјал, така и кај имателите на приватен архивски и документарен материјал.

Со сите овие важни теми директно, подробно, со низа примери и во интерактивен формат ќе се зафатат двете претстојни работилници, кои се организирани соодветно во концентрирана еднодневна програма (Скопје) и во дводневна програма со патување (Стар Дојран) за да ги пресретнеме потребите и можностите на сите наши почитувани соработници и клиенти. Деталите и неопходните линкови за двете работилници — во продолжение.

СКОПЈЕ: ЦЕЛОСНА АГЕНДА ВО ЕДНОДНЕВНА ПРОГРАМА

Еднодневната работилница „Новини во законот за архивски материјал и архивска дејност — можности и перспективи“ ќе биде реализирана во на 24 септември (среда) во пријатната атмосфера на „Ореов лад“ во Скопје. Повеќе информации за работниот план и содржините на кои ќе им биде посветена работата низ четири едукативни сесии во рамките на еднодневната програма се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество на еднодневната работилница во Скопје можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

СТАР ДОЈДРАН: ЦЕЛОСНА АГЕНДА ВО ДВОДНЕВНА ПРОГРАМА

Дводневната работилница „Новини во законот за архивски материјал и архивска дејност — можности и перспективи“ ќе биде реализирана во периодот од 3—4 октомври во удобниот езерски хотел La Terazzaво Стар Дојран. Повеќе информации за работниот план и содржините на кои ќе им биде посветена работата низ четири едукативни сесии во рамките на дводневната програма се достапни во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество на дводневната работилница во Стар Дојран можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.

ПРОМОТИВНА МОЖНОСТ: НАБАВКА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО ИЗДАНИЕ

Учесниците на едната или другата работилница ќе имаат можност да ја набават книгата „Канцелариско и архивско работење“ од д-р Ацо Ангеловски, по ретко достапна промотивна цена од 1.000,00 денари. Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на документарниот и архивскиот материјал, со темелен преглед на сите фази во работата со архивскиот материјал и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал.

ПОСВЕТЕНОСТ НА СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ: ДРУГИ ПРЕТСТОЈНИ ЕДУКАТИВНИ НАСТАНИ

Симпозион не престанува да ги вложува во целост сите свои ресурси во мисијата да обезбеди најквалитетно знаење во одговор на тековните и неизбежните предизвици, проблеми, дилеми и значајни новини во низа стручни области. Покрај оваа работилница, во септември претстојат уште два стручни едукативни настани од областа на јавните набавки (со фокус на клучните измени и практичните совети за успешно работење како договорни органи и економски оператори), како и од областа на човечките ресурси и јавната администрација (со посебен фокус на новините во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници). Материјалите за запознавање со содржините и пријавување за овие работилници се достапни преку хиперлинковите на клучните зборови, како и на преку следниве наслови:

Новини во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници“ (11 септември, Скопје)

Клучни измени и практични совети за успешни јавни набавки“ (25 септември, Скопје)

Ги очекуваме Вашите пријави за претстојните едукативни настани и високо ја цениме нашата стручна соработка.