Ближејќи се до самиот крај на уште една успешна едукативна сезона, Симпозион го заокружи овогодинешниот корпус од обуки во доменот на сметководственот евидентирање и внатрешна ревизија. Спроведувајќи ја теамтската обука „Попис на средствата, обврските и побарувањата, усогласување на сметководствената со фактичката состојба, сметководствено евидентирање, внатрешна ревизија на пописот“ на 12–14 декемри во Hotel La Terrazza – Стар Дојран, додадовме уште еден квалитетен настан во ова поглавје од нашето професионално портфолио.
Тематската обука беше замислена погаѓајќи од премисата дека успешното спроведување на пописот претставува обемна, сериозна и одговорна работа, која мора да се изврши пред изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи, а резултатите од спроведениот попис се основа за реално прикажување на податоците во финансиските извештаи.
Обуката беше спорена на високо интерактивно ниво, беа приложени низа примери, прашања, одговори, студии на случај, дискусии и во неа учсетвуваа членови на пописни комисии, финансиски работници, внатрешни ревизори и одговорни лица.
Дополнителен адут во успешноста на обуката беше околината на Стар Дојран и удобноста на хотелот La Terrazza, како и придружната програма што беше осмислена од наша страна за да ја врами едукативната агенда. Следствено, Симпозион доби високи оцени за организациајата, што бездруго нè обврзува да останеме посветени на мисијата јасно да ги препознае Вашите потреби и очекувања и, соодветно на тоа, да ги пресретнуваме со внимателно одбрано знаење.