Попуст на важно стручно издание: Практичен водич низ јавните набавки | Второ, изменето и дополнето издание

Едукација

Во претпразничниот период, Ве информираме дека второто, изменето и дополнето издание на „Практичниот водич низ јавните набавки“ е достапно за нарачка со значителен попуст. Водичот, зад кој стои авторскиот колектив на Рита Глигоријевска, Марија Јованоска, Александар Аргировски и Горан Давидовски, претставува суштинска алатка за сите кои професионално се занимаваат или индиректно се допираат до процесите на јавни набавки — од договорни органи и економски оператори, до стручната, академската и граѓанската заедница.

Ова ново издание е значително доработено, надградено и збогатено со бројни суштински содржини кои произлегуваат од практиката, од досегашната примена на Законот за јавни набавки, како и од бројните прашања што во меѓувреме се појавија во институциите и економските оператори.

ШТО Е НОВО ВО ОВА ИЗДАНИЕ?

Фокусот на второто издание е правилната примена на критериумите за избор на најповолна понуда, со особен акцент на концептот „најдобар однос помеѓу цената и квалитетот“. Досегашното практично искуство покажа дека токму кај овој пристап се прават најголем дел од грешките, поради што авторите подготвија специјален, детално разработен дел посветен на критериумите за избор.

Во ова издание на едно место се достапни максимално јасни и применливи објаснувања за:

  • концептот на економски најповолна понуда
  • како и кога да се применува пристапот „најдобар однос помеѓу цената и квалитетот“
  • кои дополнителни критериуми, освен цената, може да се земат предвид
  • како правилно се утврдува релативната важност на секој избран критериум
  • кои се предностите на овој пристап наспроти изборот само според цена
  • како да се избегнат типичните грешки во утврдувањето и евалуацијата на квалитетот

Други клучни новини и надградби во однос на првото издание:

✔ Нови и ажурирани прашања и одговори
✔ Дополнети и усогласени коментари на законските одредби
✔ Насоки за користење на критериумот економски најповолна понуда
✔ Матрица на критериуми и услови за утврдување на способност
✔ Насоки за јавни набавки на иновативни и одржливи решенија
✔ Ажурирани делови согласно реалната примена на законот
✔ Значително зголемен број на прашања од практиката за полесно разрешување на дилемите во процесот

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ВОДИЧОТ?

За договорните органи (одговорни лица, лица на раководни позиции, лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки и стручни комисии, надворешни стручни лица кои и помагаат на комисијата при евалуацијата, и други лица кои професионално се занимаваат со јавните набавки) — затоа што овозможува правилна примена на одредбите од законот, прецизно спроведување на постапките и минимизирање на ризикот од поништување од ваша или од страна на ДКЖЈН.

За економските оператори (управители, одговорни лица, лица задолжени за подготовка на понудите и лица кои ја следат реализацијата на договорите) — затоа што нуди алатки за подготовка на точна, комплетна и конкурентна понуда без ризик од отфрлање, односно дополнителни трошоци, и затоа што е голема поддршка и при подготовката на жалби.

За академската заедница, НВО-секторот и стручните лица — затоа што овозможува следење на сите новини, добри практики и препораки, како и препознавање на евентуалните прекршувања на законот.

ЗОШТО ВИ ТРЕБА ОВА ИЗДАНИЕ?

Водичот е напишан јасно, систематски и практично, објаснувајќи ги сите фази од процесот на набавка — од планирањето, изработката на техничка спецификација и тендерска документација, па сè до евалуацијата, доделувањето на договор и управувањето со него. Со стотици страници практични примери, визуелни упатства за работа во ЕСЈН и конкретни препораки, претставува неприкосновена практична и професионална поддршка. Обезбедуваме и краток извадок од интегралното издание, за да можете да стекнете јасна претстава за опфатот на содржината, начинот на обработка и форматот на изданието.

Одличниот прием на првото издание и довербата која ни ја пружи широкиот круг колеги од голем број разни институции и компании беше причина за подготовката на ова издание, кое, сигурни сме, ќе ги исполни Вашите очекувања и дополнително ќе го повиши нивото на квалитет, стручност и доследност во Вашето работење, задржувајќи ги сите постапки во важните рамки на законитоста и ефективноста.

Сега ова издание е достапно по ретко намалена цена.

НАРАЧКА

За да нарачате примерок или неколку примероци од изданието, Ве молиме пополнетиот образец за нарачка за второто, изменето и дополнето издание на „Практичниот водич низ јавните набавки“ испратете го на: info@simpozion.mk, по што книгата ќе ви биде испорачана на наведената адреса.

Симпозион продолжува внимателно да ги следи Вашите потреби и интереси, да го усовршува системот на стручна комуникација за да обезбеди најдобри услови за стручна едукација и внимателно одбрано знаење!