Ноемвриски римски успеси и впечатоци: извонредни резултати од двата термина на стручната работилница за јавни набавки и финансии

Архива

Во текот на ноември, Симпозион успешно реализираше два последователни термини на тридневната стручна работилница „Јавни набавки и финансии: намалување на ризиците од жалби, управување со договорите за ЈН, поврзаност на планот за ЈН со финансискиот план и подобрување на квалитетот на жалбите“, во прекрасната атмосфера на италијанската престолнина, Рим.

Успешно реализираните и одлично посетените настани се очекуван резултат на силниот интерес и потребите изразени од стручната јавност, како и на долгите и сеопфатни подготовки на Симпозион и Travel Today во осмислувањето и спроведувањето на работниот план. Двата термина обединија сериозни групи професионалци од јавниот и приватниот сектор кои активно го следат развојот на современите практики во јавните набавки и финансиското планирање.

Водечки квалитет, внимателно избрана експертиза и концентрирана агенда

Во рамките на програмата беа разработени централните теми што се од суштинско значење во периодот на годишното планирање на јавните набавки, меѓу кои: навременото планирање на потребите и формирањето на финансискиот план, избегнувањето критични грешки при подготовката на тендерската документација, најчестите проблеми при евалуацијата на понудите и подготовката на жалби, подобрувањето на квалитетот на поднесените жалби, управувањето со договорите за јавни набавки, мониторингот на реализацијата, значењето и придобивките од вештачењето во жалбена постапка.

Сесиите беа реализирани во практичен и интерактивен формат, со низа студии на случај, примери од секојдневната стручна практика и детални препораки за унапредување на процесот. Учесниците и во двата термина високо ја оценија јасноста на дадените упатства и пренесените искуства, применливоста на широкиот спектар стручни совети и прецизно структурираната методологија на работните сесии.

Атмосфера, ангажман и професионална размена

Работилниците беа реализирани во комфорни услови на внимателно избрана локација во Рим, што овозможи макисимална концентрација за време на работните сесии, квалитетни дискусии и размена на важни искуства меѓу експертите и стручните лица учесници, вмрежување со колегите од различни институции и компании, проследено со исклучително пријатна и конструктивна атмосфера, која е заштитен знак на програмите на Симпозион.

Во спроведените анкети, учесниците истакнуваат дека програмата на работните сесии и патувањето, професионалниот пристап и богатството на работните материјали создадоа извонредно искуство кое директно ја поткрепува и унапредува нивната секојдневна работа.

Рим како дел од искуството

Покрај интензивната едукативна агенда, внимателно осмислената придружна програма на патувањето овозможи учесниците да го доживеат Рим во целата негова убавина. Прошетките и богато организираните посети на живописните градски локации, музеи и знаменитости го потцртаа искуството на патувањето со историската димензија на овој преубав град со неговото древно, ренесансно и современо лице. Неспоредливата римска атмосфера, која успеавме да ја пренесеме со културните содржини, внесе дополнителна вредност во патувањето и остави силен впечаток кај сите учесници.

Потврда на мисијата на Симпозион

Двата термина беа реализирани со високо учество, максимална ангажираност на групите, високи оценки за квалитетот на наставата и практичноста на препораките, богата дискусија и широка размена на искуства. Настаните уште еднаш ја потврдија мисијата на Симпозион — да пренесува внимателно одбрано знаење, водечка професионална поддршка и највисоки стандарди во стручната едукација.

Мала галерија

Во продолжение следува мала селекција од фотографии од реализираните стручни работилници во Рим — моменти од работните сесии, атмосферата, патувањето и уникатните искуства што ги споделивме со нашите колеги во овој извонреден град.