Под насловот „Клучни аспекти на финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија и финансиска контрола“, Симпозион го најавува тридневниот стручен семинар, кој ќе се реализира според приложената агенда во периодот од 12–14 мај 2022 г., во Нови Сад, Република Србија. Ни претставува посебно задоволство да ве поканиме на овој внимателно подготвен едукативен настан, придружен со патување во војводинската престолнина.
Семинарот ќе обезбеди ефективна и висококвалитетна подготовка за справување со професионалните предизвици во областа на финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија и финансиска контрола. Имајќи ја предвид потребата од стабилно контролно опкружување, каде што во сите процеси на работењето ризиците се покриени со контроли, се поставуваат повеќе важни прашања, за чиешто соодветно адресирање е потребна стручна подготовка и соодветен тренинг на вработените. Тридневниот семинар е првенствено наменет за раководни и одговорни лица на институции, како и вработени во одделите за финансиски прашања, буџетска координација, контрола, сметководство, плаќања и внатрешна ревизија.
Во рамките на предвидената програма, семинарот ќе опфати низа важни теми од областа на финансиското управување и контрола, како воспоставувањето на стабилно контролно опкружување, планирањето на ревизиите и идентификувањето клучни процеси што можат да влијаат негативно врз остварувањето на целите на работењето, прецизното утврдување и управувањето со ризиците, утврдувањето, анализирањето, процената и документирањето на податоците, мониторингот на внатрешната ревизија и воспоставувањето контролни активности кај субјектите од јавниот сектор.
Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Информациите за програмата на тридневното патување се достапни во »ПРОГРАМАТА ЗА ПАТУВАЊЕ«.
Своите пријави за учество испратете ни ги со пополнување на соодветниот »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« и испратете ни ги на адресата: info@simpozion.mk