Во пресрет на новата 2024 година, Симпозион го објавува повикот за учество на првиот стручен семинар кој претстои во новата едукативна сезона. Водејќи се според нашиот основен принцип – внимателно одбрано знаење – со посебно внимание на конкретните реалии и потреби на стручната практика, разработивме работна агенда за тридневниот семинар „Завршна сметка – отчет и транспарентно обелоденување на сите финансиски и сметководствени трансакции во финансиските извештаи“, кој во периодот 4–7 февруари ќе го реализираме во рамките на квалитетна програма на патување во Златибор, Србија.
Со завршувањето на деловната година започнува обврската на одговорниот сметководител за подготвување на финансиските извештаи, кои се составен дел на Завршната/Годишна сметка. Основа на оваа подготовка претставуваат деловните книги во кои редовно се евидентираат сите финансиски и сметководствени трансакции спроведени во текот на деловната година. Семинарот им дава ретка можност на сите финансиски работници и одговорни сметководители да ги стекнат и разменат сите информации поврзани со измените во законската регулатива. Преку предвидената интерактивна дискусија ќе се решаваат сите прашања и дилеми кои се составен дел на секојдневната практика. Работната агенда ќе стави акцент на клучните проблеми и прашања произлезени од предметната тема, за кои ве покануваме да прочитате повеќе. Содржините се темелно осмислени, а работниот план е структуриран на начин кој овозможува ефективно усвојување на клучните знаења.
Главните засегнати лица и групи кои имаат директен интерес за учество во овој семинар се сите финансиски работници и сметководители одговорни за подготвување на Завршната/Годишната сметка. Нивното учество во работната програма е директно насочено кон повишување на компетенциите и знаењата во областа на завршната сметка, покажани врз практични примери и поткрепени со реални искуства и упатства.
Со оглед на ограниченоста на сместувачките капацитети и заради навремено оформување група за семинарот, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За пријавите испратени до 29 декември 2023 г. е предвиден попуст од 10% на целиот аранжман и на котизацијата за учество.
Повеќе за семинарот можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи ни го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса info@simpozion.mk.
Програмата на патувањето, која ја придружува работната агенда е оформена за да овозможи квалитетно дознавање и доживување на ретките убавини и знаменитости на Златибор во текот на престојот. Соодветно на нашите принципи, се потрудивме да обезбедиме повеќе и побогати искуства од она што би го подразбирала стандардната посета. Детално разработената програма на патувањето, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот и патувањето во Златибор, ќе биде доставена до заинтересираните учесници кои ќе се обратат до нас или ќе испратат барање.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.
Симпозион не отстапува од својата мисија во стручната едукација – да го понуди највнимателно одбраното знаење и искуство, обезбедувајќи ги притоа најдобрите локации и услови за остварување на едукативните програми. Овој семинар, со кој ќе започне нашата едукативна сезона во 2024 година во потполност се потпира врз овие принципи.