Нови хоризонти во 2024 година

Архива

Симпозион срдечно Ви го честита преминот кон Новата година и Ви посакува неизмерна среќа потпрена врз стабилно и крепко здравје. На стручен план, каде што ние постојано работиме за да понудиме сигурна и квалитетна поддршка, Ви посакуваме непрекинат успех и постојано стручно усовршување во новата деловна година.

Благодарни и горди сме на нашата одлична соработка во текот на минатата година, во која заедно со вас заокружуваме широк циклус едукативни настани, посветени на ширење знаења и нови соработки! Убедени сме дека и во претстојната година нè очекуваат многу споделени достигнувања, нови реализирани едукативни програми и патувања кои ќе ни откријат низа нови можности и перспективи на личен и професионален план.

Уште на крајот од минатата година, Симпозион ги подготви првите поглавја од новата едукативна сезона. Наскоро ќе бидат објавени повиците за уште неколку обуки и семинари кои ги подготвивме за вас.

Тековно е актуелен повикот за учество на првиот стручен семинар во новата едукативна сезона: „Завршна сметка – отчет и транспарентно обелоденување на сите финансиски и сметководствени трансакции во финансиските извештаи“, кој во текот на три дена од 4 до 7 февруари ќе биде реализиран во рамките на квалитетна програма на патување во Златибор, Србија. Прочитајте повеќе за неговите содржини и за планот на реализација во официјалната објава на нашиот сајт и земајќи учество фатете чекор со новите и неопходни знаења уште на самиот почеток од новата година.

За да останете во тек со новостите на Симпозион, следете ја нашата Facebook страница и официјалниот сајт.

Внимателно го одбираме знаењето што е неопходно за значителен напредок во одбрани професионални области. И напредокот го сметаме за реален и достоен кога е споделен и кога носи придобивки на широк круг стручни лица од приватниот и јавниот сектор во нашата земја.

Среќни нови почетоци, почитувани колеги и драги пријатели!