Во трудот и посветеноста да обезбеди внимателно одбрано знаење, Симпозион секогаш ги вложува своите максимални капацитети и тоа редовно води до резултати кои се високо оценети и пофалени од нашите колеги во стручните области на кои им посветуваме централно внимание. Нашата мисија, притоа, е да ги спроведеме едукативните настани во внимателно осмислени услови и со внимателно разработена методологија – во овој поглед Симпозион секогаш поставува нови и повисоки стандарди на работа. Со таков пристап на крајот од април беа реализирани две одлични работилници во Скопје, кои обединија две квалитетни групи стручни лица од јавниот и приватниот сектор, ангажирани на различни позиции во областа на јавните набавки и стратешкото планирање, односно управувањето со ризици. Работилниците имаа стручен, сеопфатен и интерактивен карактер, што е препознатлив знак на деловната практика на Симпозион.
Стручната работилница „Креирање тендерска документација и поднесување понуда — како законските измени влијаат врз поедноставената отворена постапка и ЕСЈН“ темелно ги претстави и разработи најчестите дилеми кои се јавуваат во практиката во однос на поедноставената отворена постапка и начинот на кој измените на законот се одразуваат врз нејзиното натамошно спроведување – кај договорните органи и кај економските оператори. Посебно внимание беше посветено на автоматизацијата на процесите во креирањето на тендерска документација и нејзиното влијание врз транспарентноста, ефикасноста, сигурноста и интегритетот во јавните набавки.
Во рамките на стручната работилница „Новини во законската регулатива и клучни аспекти на внатрешните финансиски контроли, управувањето со ризици и стратешкото планирање во јавниот сектор“ му се посветивме на стекнувањето на неопходните вештини и прикажувањето на најдобрите практики во областа за секојдневно успешно работење. Преку навистина богата агенда пренесовме важни и применливи знаења за новите барања согласно меѓународните стандарди за внатрешна контрола и националната регулатива во делот на воспоставување внатрешни финансиски контроли, управувањето со ризиците и нивната поврзаност со стратешкото планирање. Преку обработка на практични примери учесниците беа упатени во новините во законската регулатива во предметната област, меѓународната рамка за внатрешна контрола, поставеноста на внатрешната ревизија во системот на внатрешни финансиски контроли во јавниот сектор, како и местото на управувањето со ризици во реализацијата на целите на јавниот субјект.
Квалитетната едукација е клучна за навремено и соодветно фаќање чекор со сите новини, обврски и препораки во практиката и во законското уредување на професионалните домени во кои што работиме. Во Симпозион остануваме посветени на внимателно одбирање на знаењето и професионалното искуство за да Ви обезбедиме соодветна едукација, а позитивните резултати од овие две работилници произлегуваат од долгогодишната посветеност на Симпозион врз испорачувањето стручно и применливо знаење, како и поврзани интелектуални услуги со највисок квалитет.
Истекува рокот за пријавување на уште една стручна работилница на исклучително важна и актуелна тема — безбедноста, заштитата и здравјето во работната средина — која ќе биде реализирана во среда, 21 мај. Повеќе за еднодневната стручна работилница „Пожари, повреди при работа и професионални заболувања на работните места — правилно постапување и соодветна заштита“ во Скопје можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате поскоро, за да успеете да обезбедите место, испраќајќи го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на официјалната адреса info@simpozion.mk.
За да бидете во тек со сите останати идни обуки и работилници во организација на Симпозион, следете го нашиот сајт и нашата Facebook страница. Остануваме посветени на препознавање на Вашите професионални потреби и пренесување внимателно одбрано знаење.
Во продолжение следува мала фото-галерија од двата успешно реализирани априлски едукативни настани на Симпозион.
Внатрешни контроли, управување со ризици и стратешко планирање: законски новини и клучни аспекти | 28 април во Скопје












Креирање тендерска документација и поднесување понуда — влијание на законските измени врз поедноставената отворена постапка и ЕСЈН | 29 април во Скопје
























