Со пријатни сеќавања се навраќаме на заокружената едукативна сезона во која Симпозион, како централни настани на стручната агенда, реализираше две исклучително успешни тридневни работилници во областите на актуелните предизвици на медицинските сестри и финансиското планирање и управување со договорите за јавни набавки, кои ги реализиравме во мај во Будимпешта. Овие два комплексни едукативни настани добија највисоки оценки од голема група учесници, во чии редови постојано расте бројот на редовни соработници, кои високо ги ценат и со потврдена доверба учествуваат на новите едукативни настани што ги најавува и организира нашиот тим. Со пофални коментари беа оценети нашите напори да обезбедиме најдобри можности и да примениме најсоодветен пристап во живописната атмосфера на унгарската престолнина.
Работилницата „Финансиско планирање, реализација, следење и измена на договорите за јавни набавки“ им пренесе важни упатства, информации и искуства на вработените во секторите за финансии и јавни набавки. Нејзината стручна агенда придонесе кон процесите на правилно и паметно планирање на буџетот, следењето на јавните набавки и управувањето со финансиските ризици. Работилницата ги зајакна знаењата и практичните вештини на учесниците во процесите на финансиско планирање и управување со договорите за јавни набавки, подобрувајќи ја соработката меѓу секторите за финансии и јавни набавки и давајќи конкретни одговори на многу прашања и дилеми со кои се постојано се соочуваат инволвираните лица, особено во контекст на новините во законската рамка и практиката.
Стручната агенда на работилницата „Предизвиците со кои се соочуваат медицинските сестри“ им посвети исклучително квалитетно време и богат корпус практично разработени материјали на медицинските сестри како критични членови на здравствениот тим, Совпаѓајќи се со Меѓународниот ден на медицинските сестри, тридневната работилница ги пресретна актуелните предизвици со кои денес се соочува модерната сестринска професија, унапредувајќи ги позициите на овие стручни лица и нудејќи конкретни решенија за подобрување на условите за работа во нивната секојдневна практика.
Симпозион не престанува да ги вложува во целост сите свои ресурси во мисијата да обезбеди најквалитетно знаење во одговор на тековните и неизбежните предизвици, проблеми, дилеми и значајни новини во низа стручни области. Периодот на летните одмори, во кои ви посакуваме богато собирање нови сили за претстојните задачи и планови, ние им го посветуваме на стручните едукативни настани што претстојат во септември. Веќе посветено работиме на три септемвриски стручни работилници за кои наскоро можете да очекувате официјални објави и покани, а уште сега имате прилика да го планирате распоредот на своето редовно стручно надградување.
» ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
» НОВИНИ ВО ЗАКОНСКАТА РЕГЛАТИВА ЗА КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
» КЛУЧНИ ИЗМЕНИ И ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА УСПЕШНИ ЈАВНИ НАБАВКИ
Ова се трите стручни области на нашиот најблизок хоризонт – со задоволство ја споделуваме првата информација за нив со вас. Од инвестициите во сопствените стручни вештини и искуства најдиректно зависи професионалниот напредок и успесите во задачите и очекувањата што ги поставува работниот тим. На тој пат ние го обезбедуваме најважното – внимателно одбрано знаење.
Во продолжение следува мала фото-архива од успешните мајски работилници реализирани во Будимпешта.












