Во пресрет на новата едукативна сезона, чијшто хоризонт полека се приближува, Симпозион почнува да ги најавува своите клучни едукативни настани со цел нашите редовни и новите соработници соодветно да го планираат својот распоред и да имаат претстава за темите на работилниците на кои ќе можат да се пријават. Материјалите за пријавување ќе бидат наскоро достапни.
На 25 септември, во „Ореов Лад“ ќе можете да учествувате и да понесете богата полза од еднодневната работилница посветена на клучните измени и практичните совети за успешни јавни набавки. Групата учесници ќе добие битни и практични совети и препораки за справување со предизвиците со кои стручните лица се соочуваат во процесот на јавни набавки, а нивните информации за сите новини на ЕСЈН ќе бидат ажурирани, што директно ќе придонесе кон целокупниот успех во јавните набавки. Економските оператори, освен што бидат упатени во начинот на правилно поднесување понуди, ќе добијат низа препораки за успешна подготовка на прифатливи понуди кои нема да бидат отфрлани поради формални недостатоци. Договорните органи ќе стекнат важно и применливо знаење за клучните предизвици и прашања во постапките за јавни набавки, со посебен акцент на дилемите кои се појавија во примена на последните измени и дополнувања на Законот за јавни набавки, како и за практична примена на пристапот на најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот, а економските оператори за начинот на кој ќе треба да ги подготват документите неопходни за учество во постапките за јавни набавки и евалуација на квалитетот на она што го понудиле, кога се користи овој пристап. И договорните органи и економските оператори ќе понесат со себе вештини неопходни за подобрување на целокупниот процес на јавни набавки.
Работилницата ќе биде водена и предвидените содржини ќе бидат изложени од страна на авторите на „Практичниот водич низ јавните набавки“. Овие водечки експерти имаат долгогодишно искуство во областа на јавните набавки, како директни учесници во процесот на креирање политики и изработка на предметната законска и подзаконска регулатива од областа на јавните набавки. Како автори и коавтори имаат издадено повеќе важни и широко применети книги, прирачници и брошури од областа на јавните набавки и истовремено се и водечки предавачи по јавни набавки.
Како важен елемент на стручната работилница, покрај целокупниот корпус работни материјали користени во рамките на работните сесии, учесниците ќе добијат сопствен примерок од „Практичниот водич низ јавните набавки“. Во ова ретко и исклучително вредно издание договорните органи и економските оператори, како и сите останати заинтересирани лица ќе најдат одговори за правилната примена на одредбите од законот, правилната пракса, за најчесто поставуваните прашања сето тоа проследено со мноштво на практични примери.
Симпозион не престанува да ги вложува во целост сите свои ресурси во мисијата да обезбеди најквалитетно знаење во одговор на тековните и неизбежните предизвици, проблеми, дилеми и значајни новини во низа стручни области. Покрај оваа работилница, во септември претстојат уште два стручни едукативни настани од областа на човечките ресурси и новините во законската регулатива за канцелариското и архивско работење за кои наскоро можете да очекувате официјални објави и материјали за пријавување.
