Законот за енергетска ефикасност стапи на сила – како да одговорите на вашите обврски, но и да заштедите?

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на интерактивната работилница на тема: Законот за енергетска ефикасност стапи на сила – како да одговорите на вашите обврски, но и да заштедите?, која ќе се одржи на 6 март 2020 г. воPark Hotel & Spa“ – Скопје.

Конечно, по неколкукратно одложување, долгонајавуваниот Закон за енергетска ефикасност стапи на сила. Во контекст на обврските што Законот ги предвидува за јавниот сектор, компаниите и локалната самоуправа, и овојпат Ви излегуваме во пресрет со потребното знаење за задачите и предизвиците да бидат пресретнати и исполнети благовремено и квалитетно.

На оваа работилница ќе имате можност да добиете одговор на низа суштински прашања што произлегуваат од зададената тема и да се запознаете со барањата што произлегуваат од Законот за енергетска ефикасност, со што ќе ги дочекате подготвени сите предизвици кои дополнително ќе го оптоварат Вашето деловно опкружување.

Оваа работилница не само што ќе ги зајакне капацитетите на Вашите стручни лица од оваа проблематика со цел навремено и доследно да одговорите на законските барања, туку и ќе Ви укаже на сите аспекти кои би можеле да ги претворите во Ваша предност.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате со клик на документите »ПОКАНА« и »АГЕНДА«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.