Попис на средствата, обврските и побарувањата (тридневна работилница во Охрид)

Едукација

Спроведувањето на пописот е обемна, сериозна и одговорна работа, која мора да се изврши пред изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи. Резултатите од спроведениот попис претставуваат основа за реално прикажување на податоците во финансиските извештаи, а пописниот елаборат е предмет на внатрешна и надворешна ревизија.

За да ја пресретне сериозноста на задачите поврзани со пописите и за да им ги пренесе потребните знаења и вештини за нужното ниво на стручност на лицата задолжени за попис, Симпозион организира тридневната практична работилница на тема: „Попис на средствата, обврските и побарувањата, усогласување на сметководствената со фактичката состојба, сметководствено евидентирање“ во периодот 25–27 ноември во Hotel Aqualina – Охрид.

Целта на оваа практична работилница е да се добијат експертски и применливи толкувања, објаснувања и практични насоки – преку работа со примери – за сите аспекти на пописот на вработените одговорни за спроведување на постапките за попис.

Работилницата ќе се спроведе на високо стручно ниво, со користење многубројни примери, прашања, одговори, студии на случај, дискусии од страна на долгогодишни предавачи во областа, според што, како стручен едукативен настан, наменета за членови на пописни комисии, финансиски работници (лица задолжени за материјална евиденција и лица задолжени за сметководствена евиденција), внатрешни ревизори и одговорни лица. Содржините што ќе ги покриеме би биле корисни и за сите заинтересирани претставници на буџетските корисници, единки корисници, единици на локалната самоуправа, јавни претпријатија и трговските друштва.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за тридневната работилница. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.